Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светската програма за храна на ОН предупредува на „смртоносен“ пораст на цените

0
By НОВА ТВ on July 8, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 8, 2021 17:19

Светската програма за храна на ОН (WFP) предупреди дека милиони луѓе годинава би можеле да останат без оброци богати со хранливи материи, поради зголемувањето на цените на храната.

– Веќе имаме конфликт, климата и Ковид-19 кои работат заедно за да турнеме повеќе луѓе во глад и сиромаштија. Сега цените на храната се приклучија на смртоносното трио, изјави денеска главниот економист на WFP Ариф Хусеин.

– Ако сте семејство што веќе троши две третини од вашиот приход на храна, зголемувањето на цената на храната ќе биде голем проблем. Замислете што ќе значи тоа ако веќе сте изгубиле дел или целиот приход поради Ковид-19, додаде тој.

Покрај пандемијата, агенцијата со седиште во Рим соопшти дека климатските феномени, како што е Ла Нина, временските услови на Тихиот океан со далекусежни ефекти, исто така придонесуваат за покачување на цените.

Во однос на регионите ширум светот, експертите на WFP регистрираа најголемо зголемување на цените на храната на Блискиот исток.

Во Сирија, според WFP Market Monitor, просечната цена на маслото за јадење се зголеми за 58 проценти во периодот од март до мај во споредба со претходните три месеци.

Во Либан, каде што владее сериозна економска криза, просечната цена на пченичното брашно порасна за 50 проценти за истиот споредлив период.

Земјите во Африка, како Зимбабве и Мозамбик и во Јужна Америка, како Венецуела, исто така регистрираат пораст на цените на храната.

WFP предвидува дека 270 милиони луѓе ќе бидат гладни или ќе бидат изложени на висок ризик од глад во 2021 година. Тоа би претставувало зголемување за 40 проценти во однос на претходната година.

Агенцијата, која ја доби Нобеловата награда за мир во 2020 година, истакнува дека нејзините напори за помош оваа година се најголеми во историјата на организацијата, а хуманитарните работници имаат за цел да стигнат до 139 милиони луѓе ширум светот.

ОН храна цени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.