Новак Ѓоковиќ по седми пат ќе игра за титула на Вимблдон. Српскиот тенисер попладнево во второто полуфинале на лондонскиот гренд слем го совлада Денис Шаповалов од Канада со 7:6, 7:5, 7:5 и во неделното финале ќе се пресмета со Италијанецот Матео Беретини кој, пак, беше подобар од Хуберт Хуркач.
Ѓоковиќ досега има пет титули на Вимблдон (2011 година, 2014 година, 2015 година, 2018 година и 2019 година), а загуби и едно финале (2013 година).
Утре во женското финале на Вимблдон ќе играат Австралијката Ешли Барти и Каролина Плишкова од Чешка.