Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одлука на Влада: Законски измени за материјален надомест за уште 1.100 стечајци

0
By Sashko on July 13, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 13, 2021 15:39

Владата на денешната седница донела одлука за законски измени на т.н. Закон за стечајци, со кои ќе се овозможи уште 1.100 стечајци, кои имаат најмалку 14 години работен стаж во претпријатија со доминантна државна сопственост, да добијат право на месечен надоместок до вработување или пензионирање. Досега за право на надомест можеа да аплицираат граѓани кои имаа најмалку 15 години работен стаж.

– Досега со неколку законски решенија обезбедивме финансиски надомест за невработени лица чиј работен однос престанал по ликвидација, стечај или технолошки вишок, а работеле во претпријатија со доминантна државна сопственост. Со овие законски решенија обезбедивме месечен надомест од 34 проценти од просечна нето плата за 11.420 граѓани, рече на денешната прес-конференција премиерот Зоран Заев.

Со спроведувањето на претходните законски одредби со кои го олеснивме секојдневието на овие граѓани, додаде премиерот, се вршеше анализа на поднесените барања кои дадоа насоки дека опфатот на лицата кои можат да бидат материјално обезбедени може да биде поголем од досегашниот.

– Се покажа дека голем број од стечајните работници ги исполнуваат условите од прехнодните законски решенија со исклучок на условот од 15 години работен стаж, поради кој не можат да бидат корисници на правото на материјално обезбедување, бидејќи имале 14 години работен стаж, рече Заев додавајќи дека токму поради ова биле изготвени измените што денеска беа усвоени на седница на Влада.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска појасни дека останатите услови остануваат исти како и досега.

– Со новиот Предлог-закон за стечајци го зголемуваме опфатот за дополнителни 1.100 стечајци кои ќе добијат можност да остварат месечен надоместок во износ од 9.242 денари. Правото на материјално обезбедување сега ќе може да се оствари со поминати 14 години работен однос во претпријатијата со доминантна сопственост на државата, наместо досегашниот услов од 15 години работен однос, појасни таа.

Овој предлог закон, додаде таа, е дел од решавањето на прашањето на стечајците кое, како што нагласи, се до формирањето на оваа Влада било игнорирано, а стечајците со години биле лажени и манипулирани. Според неа, со последните измени вкупно 13.000 стечајци ќе добиваат материјален надомест до пензионирање или до вработување.

Шахпаска апелираше до сите пратеници и од владејачкото мнозинство и од опозицијата да го поддржат овој закон затоа што, како што рече, обврска на сите е да работат во интерес на граѓаните.
Влада закон Македонија надомест одлука седница стечајци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.