СДСМ вечерва објави 30 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. На првиот спосок се најдоа и актуелни градоначалници, како што се градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, меѓу другите и градоначалниците на Штип, Охрид и Дојран, Сашко Николов, Константин Георгиевски и Анго Ангов.
Претседателот на партијата Зоран Заев изјави дека ваквата одлука е донесена врз база на направените анкети со граѓаните, дел теренски, дел телефонски. Заев најави дека во август ќе ги објават сите кандидати, дел на почетокот, дел од крајот на месецот.
– Пресудни за одлуките беа анкетите од граѓаните за овие 30 Општини. Сите овие кандидати за градоначалнички и градоначалници кои ги објавуваме во оваа прва фаза се дел од најдоброто, блиски до граѓаните, чесни, одговорни, со конкретни планови и решенија. Нема поголема чест и обрска да им се служи на своите граѓани. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија тоа во овие изминати години го правеше најдобро што можеше и ќе продолжи да го прави уште подобро и во иднина, изјави вечерва претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Од СДСМ поддршка за локалните избори побарале 630 кандидати за градоначалници и 5.000 кандидати за советници.
Кандидати за градоначалници од СДСМ:
Перо Костадинов – Валандово
Миликие Халими – Арачиново
Благојчо Шапов – Богданци
Велимир Смилевски – Бутел
Марјан Јанев – Василево
Сашо Јанковски – Вевчани
Ивица Димитров – Виница
Роберт Пешовски – Градско
Горан Трајковски – Делчево
Лазе Петров – Демир Капија
Анго Ангов – Дојран
Борче Гиевски – Зелениково
Филип Темелковски – Кисела Вода
Благојче Илиев – Конче
Томе Христоски – Крушево
Аце Велкоски – Лозово
Медар Куртовски – Маврово – Ростуше
Љубе Кузманоски – Новаци
Костадин Георгиевски – Охрид
Славчо Пандурски – Пехчево
Драган Анастасов – Пробиштип
Живко Гошаревски – Ресен
Жаклина Јовановска – Старо Нагоричане
Сашко Николов – Штип
Петре Шилегов – Град Скопје.