НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Орбан со благодарност до Каракачанов: Останавме малку против ЛГБТ, но важна е битката

0
By Sashko on July 14, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изразил благодарност до Красимир Каракачанов за поддршка што ја уживал од ВМРО-БНД за кампањата и политиките насочени против ЛГБТ заедницата во земјата, објавуваат бугарските медиуми.

Во дел од писмото што го објави ВМРО-БНД, Орбан се обратил до Каракачанов со „останавме малку, но важна е борбата“ на што од бугарската партија одговориле дека „унгарскиот премиер не е сам во борбата против нелибералните напади врз законодавството на Унгарија. ВМРО е една од политичките партии што секогаш го поддржувала, а тоа не остана незабележано од Фидес и нејзиниот лидер, Орбан“.

Партијата на Каракачанов не успеа да обезбеди место во новиот бугарски парламент по неделните избори во земјата, втори во само три месеци во оваа година, меѓутоа од таму порачуваат дека „и ВМРО води слична битка како и Фидес во Унгарија од која нема да отстапат и покрај притисокот од меѓународниот фактор“.

– И натаму сме суверени држави кои знаат што е најдобро за нацијата и за државата. Продолжуваме со заложбите за семејство, за права на родителите, за заштита на децата и нивната иднина“, нагласуваат од ВМРО-БНД.

Унгарија води контроверзни политики кон ЛГБТ заедницата што беа и сè уште се мета на критики во меѓународната јавност, особено по неодамнешните законски измени во унгарскиот парламент. Тие беа и тема на Самитот на лидерите на ЕУ за кои се дискриминаторски за сексуалните малцинстцва. Според холандскиот премиер, Марк Руте, искажаните критики кон Унгарија биле најостри и најжестоки на кои досега бил сведок на некој Самит на ЕУ.

Во контекст на критиките кон Унгарија, се надоврзал и Ксавиер Бетел, премиер на Луксембург, и неговата борба да биде прифатен како хомосексуалец.

– Не станав геј, јас сум тоа. Овде не станува збор за избор. И мајка ми мрази што сум геј, но јас живеам со тоа. Во случајот станува збор за основни човекови права, за правото да се биде различен. Имам почит кон вас, меѓутоа ова се црвените линии“, се обратил Бетел до Орбан, пренесуваат европските медиуми.

Унгарскиот закон за ЛГБТ заедницата беше оценет како „срамен“ од претседателката на Евбропската Комисија, Урсула фон дер Лајен која најави дека ќе поднесе прекршочна пријава.

Виктор Орбан ВМРО-БНД Красимир Каракачанов ЛГБТ заедница Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.