НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест во Атина против задолжителната вакцинација, навреди и слогани кон новинарите

0
By НОВА ТВ on July 14, 2021 СВЕТ
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со слогани против вакцините и задолжителната ваквинација, против Владата и грчкиот премиер, но и против новинарите, стотици граѓани, без маски, дистанца и било какви заштитни мерки, денеска протестираа пред грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Поради навредливите слогани, но и пцовки кон новинарите и неколку фрлени предмети, новинарските екипи со помош на полицијата беа принудени да се засолнат за да се избегнат дополнителни инциденти, нешто, што како што јавува дописничката на МИА од Атина, не било пракса на други протести.

Иако демонстрациите беа против вакцините и имунизацијата, сепак не изостанаа и радикални и националистички слогани.

Преку социјалните мрежи денеска беа организирани низа протести во повеќе грчки градови, но и два беа во Атина, под пораките „Не за задолжителна вакцинација”, „Не за вакцините”.

Вакцинацијата во Грција и понатаму е доброволна и не е задолжителна за општата популација, а исклучок се  здравствените работници и вработените во одредени центри за грижа на лица.

Процесот на имунизација во земјата се одвива непречено, со околу 80 до 90 илјади вакцинации дневно, а досега се аплицирани 9.485.402 дози, 5,3 милиони граѓани примиле најмалку една доза, а 4,4 милиони се целосно вакцинирани.

антивакцери Атина протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.