НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Два-три соја на ковид-19 во земјава, од есен можни нови рестрикции

0
By Sashko on July 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во земјава се активни 207 случаи на заразени со ковид-19. Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека се присутни два, три соја на вирусот, нагласувајќи дека превенцијата и вакцинацијата важат за сите соеви. Имено, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, интересот секојдневно се зголемува, а досега се вакцинирани 686.788 граѓани со една доза, а ревакцинирани се 252.338 граѓани.

– Принципите на превенцијата се истите и без разлика кој сој на вирусот ќе дојде ќе останат исти – маската, дистанцата, дезинфекцијата на рацете и ние не можеме да живееме затворени. Граѓаните мора да го имаат ова на ум и да имаат на ум дека станува збор за нивното здравје и кога е во прашање вакцинацијата, но и кога се во прашање превентивните мерки, нагласи Филипче.

Ако е голема гужва во ресторан, посочи, не мора сите да влеземе таму, треба да знаеме низ што минавме и треба да знаеме дека не може се да ни каже државата што да правиме, ние мора да функционираме, а во исто време да водиме сметка за сопственото здравје и тоа е еден многу битен сегмент што ќе остане да важи следните веројатно години колку што ќе трае пандемијата, а тоа никој не знае во овој момент.

– Присутни се два, три соја на вирусот и тоа што е битно дека принципите се исти – вакцинацијата и превенцијата која важи за сите соеви. Вкупниот број на вакцинирани еве и по поединечни групи или вкупно во државата меѓу 70, 80 и 85 проценти би било нешто што значи колективен имунитет, појасни Филипче.

Во врска со вакцинацијата на децата, рече дека ќе се види на крајот на неделата каков ќе биде интересот.

– Тогаш ќе го имаме пресекот на вкупниот број на пријавени. Таа вакцина не е задолжителна, меѓутоа некои земји дефинитивно тоа го препорачуваат. И мислам дека и тоа е еден сериозен сегмент, голема бројка на млади луѓе кои се трансмитер на вирусот и кои се посебен ризик категорија за есенските месеци. Така што, опцијата е отворена. „Фајзеровата“ вакцина е препорачана и во упатството од 12 до 16 години, што значи дека е сигурна, така што мислам дека е уште еден добар момент, додаде министерот.

Тој потенцираше дека граѓаните мора да сфатат дека вакцинацијата е единствениот спас од ковид-19, најавувајќи дека од есен најверојатно на масовни настани и на отворено и на затворено би се присуствувало само со сертификат за вакцинација против ковид-19.

Околу тоа дали ќе се воведат построги мерки бидејќи се намалува интересот за вакцинација, се појавуваат нови кластери на заболени и не сите здравствени работници се вакцинирани, Филипче рече дека според нивните анализи здравстениот персонал е вакциниран со прилично висок процент, некаде 85 проценти, а се чекаат и анализите со опфатот на вакцинација на вработените во училиштата и градинките.

– Тоа како три сегменти кои ни се многу битни за некои процеси да продолжат да се одвиваат нормално и во есенските месеци, градинките и училиштата, и свесни дека можеби и покрај тоа што се што правиме интересот нема да се зголеми, затоа размислуваме за некоја форма на рестрикција во смисла на тоа некои работи да…ние не можеме да воведеме и никаде во светот оваа вакцинација не е задолжителна, затоа мораме да размислуваме за некои алтернативни решенија, на пример да се присуствува на настани со масовно присуство, дали на затворено, дали на отворено, дали во кино, на културни настани, само со таков сертификат и тоа е нешто што можно е да го препорачаме од есенските месеци, сега во месец јули и во август, кога има многу патувања и фреквенција на луѓето да ставиме акцент на сите овие активности кои ги правиме за да го зголемиме опфатот, рече Филипче.

Според министерот, капацитетите за вакцинација се така димензионирани да може да се вакцинираат помеѓу десет и петнаесет илјади граѓани, кога имаше дадено термини.

– И гледајќи дека нема повеќе интерес преку системот за закажување, затоа ги отворивме пунктовите да се вакцинираат сите кои ќе покажат интерес. Нашата проценка е дека до крајот на месец јули околу 500.000 илјади луѓе ќе бидат вакцинирани со една доза и приближно толку ревакцинирани, рече Филипче.

Сепак, според него, тоа не е доволно бидејќи се јавуваат нови мутации – индискиот е еден од нив, кои се многу преносливи.

– Ние ги користиме сите механизми за интензивна кампања. И на терен здравствените домови со здравствените работници, објавите на местата каде ќе се врши теренската вакцинација. Буквално сите луѓе ако покажат интерес на лице место каде што ќе се затекнат, рече Филипче.

Според министерот, мора да им се оддаде признание на здравствените работници бидејќи дале се од себе процесот на вакцинација да биде организиран и да се спроведе.

Со последните бројки, 57 отсто од населението над 70 години, 54 отсто од населението над 65 години и 49 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со една доза вакцина.

Венко Филипче Ковид-19 Македонија рестрикции Соеви
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.