НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чернева: ЕУ и САД очекуваат одговор од Бугарија за намерите кон проширување на Унијата

0
By Sashko on July 15, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во позадина на интензивирање на билатералните односи, новиот парламент може да ја ревидира својата рамковна позиција и да даде зелено светло за старт на преговори

Автор: Борјан Јовановски

Кој е Славеј Трифонов? – Каква влада ќе има Бугарија? – Како ќе се постави во однос на Македонија и иднината на проширувањето на ЕУ? – Одговор на овие прашања побаравме од Весела Чернева, директорка на софиското биро на Европскиот совет за надворешна политика.

Нова ТВ: Каква порака праќаат граѓаните на Бугарија со повторување на изборите?

Чернева: Слабата излезност на изборите покажа дека бугарските граѓани не сметаат дека треба постојано да ја вршат работата на политичарите. Доколку треба повторно да се одржат избори, излезноста ќе биде уште пониска.

Нова ТВ: Дали има надеж дека овојпат ќе биде избрана стабилна влада?

Чернева: Прерано е да се каже. Парламентот мора да се состане и да видиме дали има мнозинство за кабинетот предложен од Славеј Трифонов. Ако сме во ситуација новата влада да треба да има подршка од ГЕРБ и ДШС, таа може да биде стабилна, но не и реформска влада.

Нова ТВ: Кој е Славеј Трифонов и неговата партија? – Дали е ова политичка структура што може да одговори на предизвиците со кои се соочува бугарското општество?

Чернева: Слави Трифонов не е политичар. Не знаеме многу за неговата партија, но мислам дека главен квалитет во политиката е да може да се градат мостови и да се создаде широк консензус за прашања важни за општеството. Потегот на Трифонов да прогласи влада без преговори со други политички сили е како ултиматум. Точно е дека Бугарите сакаат радикална промена по 12 години владеење на Борисов, но сепак недостатокот на дијалог со другите протестни партии покажува дека можеби агендата на ИТН е поинаква.

Нова ТВ: Какви се изгледите новата влада да ги реши билатералните прашања со Македонија, кои ја запираат интеграцијата на РСМ и на Албанија?

Чернева: Ова не е прашање што е во првите редови на политичката дебата во моментот. Сепак, мојот впечаток е дека постои зголемена волја за промена, но и македонската страна мора да испрати конструктивни сигнали. Во позадина на интензивирање на билатералните односи, новиот парламент може да ја ревидира својата рамковна позиција и евентуално зелено светло за почетокот на преговорите со Брисел пред крајот на оваа година.

Нова ТВ: Дали е јасно што се бара од Северна Македонија за повлекување на ветото? – Кои би биле клучните барања што би ја задоволиле новата влада?

Чернева: Премиерите Јанев и Заев во Софија се согласија за пет точки и според бугарската страна, ова се барањата за напредок. Некои од нив можат брзо да се решат, други бараат години, но спроведување на договореното во краток рок ќе го даде потребниот знак на добра волја. Вистината е дека и двете страни треба да направат некои чекори, инаку може да се помисли дека им се допаѓа ќор-сокакот.

Нова ТВ: Како новата влада ќе одговори на очигледниот интерес на меѓународните фактори за надминување на овој проблем?

Чернева: Од една страна, меѓународниот притисок одамна престана да работи на ова прашање, бидејќи Софија на тоа гледа како проблем сам по себе: како и во односот меѓу две лица, едната страна не може да биде потполно невина, а другата целосно виновна. Сепак, и во ЕУ и во нејзините односи со Соединетите Американски Држави, Бугарија е принудена да објасни што има намера да стори за проширувањето. Стратешки интерес на Бугарија е проширувањето да продолжи и се надевам дека следната влада ќе го сфати ова.

Бугарија Весела Чернева интервју Македонија односи спор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.