„Властите ја потврдија смртта на 11 лица, а се уште се трага по тројца спасувачи чиј брод се превртел во каллив поток“, соопшти телевизискиот канал РТБФ. Спасувачките екипи користат моторни чамци и хеликоптери за да ги евакуираат луѓето.
Во меѓувреме, властите во областа Ахрвејлер во западната германска покраина Рајнска област-Пфалц соопштија дека најмалку 1300 лице се исчезнати и за нив нема никаква информација. Само во областа на окружниот град Бад Ноенахр-Ахрвајлер, од утрово имало околу илјада повици, а операциите за спасување продолжуваат.
Во Германија досега се потврдени најмалку 59 жртви.
Состојбата со надојдените реки е алармантна и во Холандија. Тамошните власти повикаа илјадници луѓе во Холандија да ги напуштат своите домови. Неколку градови и села покрај реката Маас во провинцијата Лимбург ги советуваа луѓето синоќа да побараат засолниште, барем до попладне, поради големата опасност нивните домови да бидат поплавени во наредните часови.