Продолжува скандалот со фудбалерот на Евертон, кој поради сомнение за педофилија, бил приведен во петокот во полиција.
Откако утринава медиумите во Англија објавија дека фудбалер на Евертон завршил во полициска станица и отворена е официјална истрага за педофилија, неофицијално, веќе е познат и неговиот идентитет.
Станува збор, неофицијално, за Гилфи Сигурдсон, 31-годишниот фудбалер, кој веќе ги избришал своите профили на социјалните мрежи. Истото го сторила и неговата сопруга.
Од Евертон претходно потврдија дека еден нивен првотимец е суспендиран и дека соработува со полицијата во Ливерпул.