– Се соочуваме со пандемија на невакцинирани, а единствениот начин да се запре тоа е ширење на вакцинацијата, рече директорката на ПАХО, Кариса Етјен.
– Само 15 проценти од луѓето во Латинска Америка и на Карибите се целосно вакцинирани, рече таа, додавајќи дека оваа бројка не е прецизна, бидејќи некои земји како Хондурас и Хаити не вакцинирале ниту еден процент од населението.
Етјен повторно ги повика земјите со доволно дози што побрзо да ги распределат на оние на кои им се потребни.
– Очигледно дека ни требаат повеќе вакцини и тоа сега. Во моментот, донирањето вакцини е навистина единствениот начин за многу земји во нашиот регион брзо да ги обезбедат потребните дози, додаде таа.
Во С. Америка и во Ј. Америка беа регистрирани 967.000 нови случаи и 22.000 смртни случаи во минатата недела.
Според Етјен, епидемијата се забрзува во поголемиот дел од Централна Америка и на помалите карипски острови, додека бројот на заразени и смртни случаи се зголемува во Куба, а жариштата сè уште постојат во амазонските региони Колумбија и Перу.