Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска-Бежоска вклучена во иницијатива на „Централ бенкинг“ – промовирање на инклузијата

0
By Biljana on July 25, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 25, 2021 09:53

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска е вклучена во иницијативата на водечкиот глобален информативен сервис за централно банкарство и финансии, „Централ бенкинг“, за промовирање на рамноправноста, различноста и инклузијата. „Централ бенкинг“ објави авторски текст на гувернерката, во кој се наведува дека родовите, етничките и културните разлики се голема придобивка за институционалната култура, како и во креирањето и спроведувањето на политиките.

„Сѐ повеќе податоци укажуваат на тоа дека различноста, наследена – како расата и полот, или стекната – како искуството и културната позадина, се поврзани со деловниот успех, бидејќи носат хетерогеност на вредности, верувања и ставови. Хетерогените тимови можат да доведат до подобра институционална култура, што ќе им помогне на централните банки ефективно да одговорат на промените“, наведува во текстот, гувернерката, Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката посочува дека повеќе емпириски податоци укажуваат дека учеството на жените во комитетите за монетарна политика е поврзано со подобри перформанси во однос на ценовната стабилност.

Анализа на податоци од осум земји, чија монетарна политика е таргетирана во однос на ценовната стабилност, како што е наведено во „Централ бенкинг“, покажува дека централните банки водени од гувернерки ставаат поголем акцент на стабилизирање на инфлацијата во споредба со оние што се водени од нивните машки колеги.

„Во нашата централна банка близу 60% од вработените се жени. Близу 70% од раководните позиции во Банката се пополнети од жени. Народната банка е силна институција од аспект на родовата застапеност. Но, може да се стори повеќе за натамошно подобрување на нашата институционална култура. Во моментов го разгледуваме и унапредуваме нашиот Етички кодекс, како дел од настојувањето постојано да се унапредува нашата институционална култура. Сакаме уште повеќе да ги поттикнеме сите вработени да го почитуваат диверзитетот: половата припадност, етничката припадност, карактерот, образованието и мислењето“, посочува гувернерката, Ангеловска-Бежоска.

Ангеловска-Бежоска укажува и дека има потреба од поголема вклученост на жените на раководни позиции во финансискиот сектор. Како што беше соопштено неодамна, кај нас, учеството на жените во управните и надзорните одбори на банките изнесува околу 30%.

Во објавата на „Централ бенкинг“, гувернерката посочува дека од особено значење е поголемата финансиска инклузија на жените, односно нивен поголем пристап до финансиските производи, бидејќи на тој начин се поттикнува економскиот раст и се намалува јазот во доходовната нееднаквост.

Неодамна, „Централ бенкинг“ ја издвои Ангеловска-Бежоска меѓу трите гувернерки од светот коишто успешно се справуваат со предизвиците од корона-кризата.

Ангеловска Бежовска Гувернер НБРМ НБРМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

ВЕСТИ May 8, 2026

Институтот за проучување на војната (ISW) објави мапа и анализа на синоќешните американски воздушни напади…

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.