Во САД е регистриран нов неделен максимум на инциденти со огнено оружје. Во периодот од 17 до 23 јули имало 915 случаи во кои загинале 430 лица, а 1.007 биле повредени, јави „Ен-Би-Си“ и организацијата Gun Violence Archive.
Статистичките податоци покажуваат драстично зголемување на тој вид на инциденти во последните години. Во 2020 година, 43.000 Американци ги загубија животите како последица на огнострелни рани. Оваа година, бројот на загинати достигна 23.000, а повеќе од 800 од жртвите биле на возраст под 18 години.
Американскиот претседател Џо Бајден предложи голем број на прогресивни мерки за намалување на најсериозните пропусти во правниот статус на набавка и носење оружје, но сè уште нема напредок во таа насока.