Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Зелен хуман град“ против актуелните најавени измени во Изборниот законик

0
By НОВА ТВ on July 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 27, 2021 22:16

Иницијативата „Зелен хуман град“ од претседателот на државата, Стево Пендаровски, бараат да не стави потпис на најавените измени во Изборниот законик. Според нив, тие се косат со Уставот и со законите.

Изборните измени се груба манипулација од страна на големите политички партии. Со воведувањето минимален праг од 2% од запишаните избирачи за независните листи да добијат право да се кандидираат на претстојните локални избори, големите партии вршат манипулација и се обидуваат да го попречат излегувањето на престојните локалните избори на независни кандидати, а со самото тоа се зголемуваат бирократските пречки на процесот. Ваков став граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ во отворено писмо му испрати на претседателот на државата, Стевио Пендаровски. Според нив, со ова се штитат интересите на големите политички партии и се зголемува нивната моќ, а се спречуваат помалите независни групи на граѓани и граѓански активисти да се кандидираат на изборите закажани за 17 октомври.

– Ве известуваме дека доколку се усвојат вакви измени на Изборниот законик, тоа ќе значи прекршување на Уставот, поконкретно членовите 2, 9, 20, 23, 110, 115 и 117 во кои: – се штитат правата и слободите на граѓаните што се однесуваат на политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација по основ на политичка припадност; – се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички уверувања; – се гарантира правото на претставеност во локалната самоуправа, наведуваат од „Зелен хуман град“ во испратеното писмо до претседателот Пендаровски.

Според нив, предложените измени се косат и со меѓународните практики и препораките од Венецијанската комисија и ОБСЕ/ОДИХР.

– Најпрво, ако доследно се следат препораките, во Извештајот на ОБСЕ од 2017 г. е наведено дека „потписите за поддршка не треба да надминат еден процент од регистрираните гласачи” зашто тоа е спротивно на добрата практика. Се наведува и дека „Треба да се размисли за стандардизирање на потребниот број на потписи за независните кандидати на најмногу еден процент од регистрираните гласачи во согласност со меѓународните добри практики. Покрај ова, како што е претходно препорачано, треба да се размисли за обезбедување алтернативни методи за прибирање потписи, со цел да се намали потенцијалот за заплашување”, наведуваат од „Зелен хуман град“.

Тие наведуваат дека членот 62 од Изборниот законик ниту еднаш не е сменет од денот на стапување на сила на Законот, уште од 2006 година.

зелен хуман град Изборен законик Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.