НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Донесен ребалансот на буџетот

0
By НОВА ТВ on July 28, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието попладнево со 56 гласови „за“ и 37 „против“, го донесе ребаланост на Буџетот за 2021 година. За ребалансот се гласаше на петтиот ден од расправата во законодавниот дом.

За Власта, буџетот е развоен и насочен кон стопанството и граѓаните, но и за реализација на капитални инвестиции.

„Ако го видиме делот на расходите, се дели на два дела, функционален и економски буџет. Овој буџет е социјален, првиот столб е социјалниот аспект и безбедноста, во однос на расходите има повеќе социјални трансфери, а ако ја видиме вредноста на буџетот 4,3 милијарди тој е оптимистички буџет“, рече пратеникот на ДУИ, Фазли Бедри.

Опозицијата пак останува на ставот дека прекроената јавна каса ќе го зголеми долгот на граѓаните и ќе ги втурне во уште поголема сиромаштија.

„Со овој ребаланс на Буџетот ќе го задолжите секој граѓанин за дополнителни 500 евра. Овој ребаланс нема да донесе повисоки плати и пензии, нема да донесе нови проекти. Во услови на пандемија имаме најголем Буџет досега, а ниту едно евро нема за капитална инвестиција. Во наредните шест месеци граѓаните нема да добијат ниту еден километар автопат, ниту ќе се гради болница, училишта, спортски сали…“, рече пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Со ребалансот вкупните приходи се планирани на ниво од 222,6 милијарди денари и се за околу 10 милијарди денари или 4,7 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции. Даночните приходи се планирани на ниво од 123,9 милијарди денари односно за околу 6 милијарди повеќе во однос на иницијалниот буџет. Социјалните приходи се во износ од 69 милјарди денари и се за околу една милијарда денари повисоки во однос на планот за 2021 година. Останатите приходи (неданочни, капитални и странски донации) се планирани на ниво од 29,5 милијарди денари.

Вкупните расходи, пак, се планирани на ниво од 268,8 милијарди денари или се повисоки за околу 21 милијарди денари, а капиталните расходи на ниво од 30,5 милијарди денари или за 6,5 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2021 година.

На расходната страна на Буџетот се врши ограничување и сведување на минимум на несуштинските трошења кај буџетските корисници без да се наруши нивното редовно подмирување на обврски.

Дефицитот е проектиран во износ од 46,2 милијарди денари, односно 6,5 проценти од БДП. Зголемувањето на дефицитот од 4,9 на 6,5 проценти, според надлежните, е резултат на потребата за зголемено финансирање за сетот на економските мерки за справување со последиците од здравствено-економската  кризата, а кои ќе се финансираат преку категоријата субвенции и трансфери и преку капитални расходи.

Стапката на инфлација е предвидено да изнесува 2,1 процент.

И со прекројувањето на буџетската каса прогнозите на власта останаа исти од првичните очекувања дека растот на економијата за оваа година ќе биде 4,1 отсто.

Со ребалансот се обезбедени финансиски средства за исплата на регрес на годишен одмор согласно Гранскиот колективен договор за државните институции, како и дополнителни средства во здравствениот сектор за активности кои директно придонесуваат во борбата против здравствената криза, а се однесуваат за набавка на лекови и вакцини за имунизација на населението.

буџет економија Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.