Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОН е подготвено за старт на учебната година по нова Концепција и со протоколи

0
By Ivana on July 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 30, 2021 15:51

Министерството за образование и наука е подготвено за започнување на новата учебна година, но и за имплементација на реформските процеси од септември, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ дали ќе има реформи од септември и како и кога ќе започне учебната година.

– Образованието е од круцијално значење за државата, идентитетот, иднината во нашата држава која се стреми кон европски стандарди и затоа вложуваме дневно во реформските процеси и секако безбедни услови за настава во време на пандемија, што не го гледаме од опозицијата која продолжува со опструкциите, порача министерката.

Царовска го повика пратеникот Стојановски, за којшто, како што рече, очигледно не е информиран за процесите во образованието, на дневно ниво да ја следи официјалната веб страница на Министерството кадешто постојано се ажурираат сите информации во врска со образованието и реформите.

– На почетокот на оваа година ја донесовме новата Концепција за основно образование, во април месец беа донесени програмите. Учебниците, или наставните материјали за прво одделение се исто така готови и се во печат. Исто така и за четврто одделение. Секако со поддршка на сите меѓународни организации. Да не заборавам дека над 4.000 наставници поминаа обука за да можат успешно да ја започнат учебната година од септември. Како никогаш до сега навремено се донесени сите календари за отпочнување на учебната година од први септември, нагласи Царовска.

Таа нагласи дека со овие календари е предвидено започнувањето и завршувањето на новата учебна година, но како одговорна власт и одговорно министерство заради тоа што се наоѓаме во период на Ковид-19, подготвени се три сценарија за наставата во претстојната учебна година.

– Сметаме дека најдобро сценарио е сите ученици согласно распоредите да ја започнат наставата со физичко присуство. Доколку има драстична промена во епидемиолошката слика, тогаш би требало да го промениме сценариото со хибридна настава – една недела во училиште, една онлајн и третото најмалку посакуваното сценарио е да поминеме најголем дел од наставата онлајн. Очекувам дека ако сите се придржуваат на мерките како што имавме минатата почитување на протоколите со физичко присуство дека ќе успееме и оваа учебна година да ја реализираме на тој начин. Дополнително до денеска повеќе од 58 проценти од наставниците и соработниците во училиштата се веќе вакцинирани, додаде Царовска.

МОН Подготовки Протоколи учебна година Царовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

ВЕСТИ May 14, 2026

Кинескиот претседател Ши Џинпинг го пречека американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг со формална воена…

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.