НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пожари во Кочани: Оштетени куќи и возила, десетина граѓани со отежнато дишење

0
By Sashko on August 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во пожарот што попладнево избувна на две локации во Кочани и се доближи до станбените домови над градот во Белско Маало, има оштетени куќи, помошни објекти, оштетени се возила, меѓу кои и едно противпожарно возило.

Десетина лица се обратиле за лекарска помош во кочанската болница поради отежнато дишење од чадот, но нема тешко повредени. Пожарот, поради ветарот, се шири во правец на селото Тркање, а луѓето кои интервенираат таму се сконцентрирани да го спречат ширењето на огнот кон складот на „Макпетрол“ и една приватна бензиска пумпа. На тоа место има и објекти од лесната индустрија.

Екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани максимално се ангажирани во неговото локализирање, а помош е побарана и од соседните единици од Виница и Пробиштип.

Премиерот Зоран Заев, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ја напуштија централната манифестација на Мечкин Камен и се упатија кон Кочани.

Истовремено, пожар зафати шума во атарите на планинските села Новоселани и Костин Дол, а поради конфигурацијата на теренот отежната е интервенцијата за негово гаснење. Како што претходно информираше Центарот за управување со кризи, пожарот во Костин Дол бил предизвикан од паднат далекувод.

Во локализарањето на пожарите е вклучено и месното население, а како превентива е исклучена електричната енергија во западниот дел на Кочани.

Претседателот Стево Пендаровски претходно соопшти дека Армијата е вклучена во гаснење на пожарите и дека во текот на ноќта ќе се следи состојбата на терен и ќе се ангажираат дополнителни сили, како и средства за справување со состојбите и помош на населението насекаде каде што има потреба.

Тој кажа дека одобрил и употреба на воздухопловите, кои денеска веќе интервенирале во Старо Нагоричане, а утре наутро одат на помош во Кочани.

Кочани Македонија пожари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.