НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ситуацијата со пожарите е алармантна, се бара прогласување на кризна состојба

0
By Sashko on August 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пожарите не стивнуваат. Во нивното локализирање и гасење се ангажирани сите расположливи капацитети на локалните самоуправи, на Центарот за управување со кризи (ЦУК), на војската, на полицијата и на граѓаните. Помош пристигна и од соседството, поточно од Србија и од Бугарија, а денеска се очекува и засилување од Словенија со 16 противпожарни возила и 46 пожарникари.

Според последните податоци што вчера ги соопшти директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во земјава се активни 10 пожари, а најсериозна е состојбата во Општина Македонски Брод, како и во регионот на Пехчево и Делчево.

Поради алармантноста на ситуацијата, Управувачкиот комитет го прифати предлогот на Групата за процена и ѝ предложи на Владата да донесе одлука за воведување на кризна состојба на целата територија на државата во траење од 30 дена. Владата утрово во 08:30 часот ќе одржи седница на која ќе го разгледа ваквиот предлог.

– Состојбата се менува од час во час. Однапред не можеме да предвидиме како ќе се однесуваат пожарите, зашто исклучително сувата вегетација, високите температури и ветарот придонесуваат за нивно брзо ширење и менување на правците, рече Ангелов.

Ангелов најави помош од Словенија и во летала, а тоа е побарано и од Грција, за што, како што информира, се очекува позитивен одговор. За гасење на големиот шумски пожар во Пехчевско, со кој беа зафатени селата Мачево, Робово и Умлена, првично беа испратени пет хеликоптери (два македонски и три српски), но веднаш по нивното пристигнување беа повлечени поради исклучително високите температури. Натчовечките напори на жителите, пожарникарите и сите инволвирани го спасија од опожарување манастирот „Св.Петка”.

Ангелов најави дека во реонот на општина Пехчево денеска ќе се интервенира со пет хеликоптери, уште рано наутро, се додека тоа го дозволува температурата на воздухот. Синоќа пристигна помошта од Бугарија – пет противпожарни возила кои се вклучија во гасењето на пожарот кај маалото Пасјак во селото Нов Истевник. Синоќа беа активни два пожара во реонот на Прилеп, еден кај Челопек во Старо Нагоричане, а активни жаришта имаше и кај Липац, Кумановско.

Владата вчера одлучи да додели по 10.000 денари за вкупно 300 лица (пожарникари и граѓани) кои помогнаа во гасењето на шумските пожари. Листата на граѓани кои ќе добијат награда ќе биде утврдена во соработка со општините, со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и со Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На седница што се одржа вчера, Владата го задолжи Генералниот секретаријат, во консултации и соработка со ДЗС и ЦУК, да обезбеди сместување и храна за лицата кои како странска помош доаѓаат да помогнат околу пожарите. Заклучено е да се обезбедат податоци за прифаќање на техничка помош и помош во работна сила, понудена од Швајцарија, за обновување на објектите кои претрпеле штети од пожарите.

Влада Македонија. Пожари Стојанче Ангелов ЦУК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.