Пожарот што попладнево избувна кај скопското село Кучково е целосно изгаснат, порача градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски.
– Целосно е изгаснат пожарот кој попладнево избувна во село Кучково. Благодарност на брзата интервенција на пожарната, огнената стихија беше брзо ставена под контрола. За среќа, нема повредени, ниту предизвикана материјална штета. Благодарност до пожарникарите за навремената реакција, фирмите кои помогнаа, локалното население и нивната пожртвуваност и вработените во општинските служби кои на лице-место интервенираа. Зачестеноста на пожарите на топлото време е евидентна. Апелирам да се почитува забраната за движење во шумските предели и да бидеме сите исклучително внимателни, напиша Наумовски на својот Фејсбук профил.