Талибанските сили во моментот контролираат 65 отсто од територијата на Авганистан и се закануваат дека ќе заземат 11 провинциски главни градови, изјави денеска висок претставник на Европската Унија (ЕУ).
Тој додаде дека Талибанците се обидуваат да го отсечат Кабул на северот од поддршка на националните сили, пренесува Ал Џезира.
Европскиот претставник додаде дека Талибанците не го исполниле ветувањето за постигнување на политички договор за мир што ќе овозможи некакво преодно управување со државата.