Министерството за Надворешни работи за претпладнево најави прес конференција на која се очекува да извести за процесот на евакуација на македонските државјани, кои се затекнаа во Авганистан,а вчера беа сместени во воениот дел на аеродромот во Кабул, на кој евакуацијата беше отежната поради метежот од луѓе кои сакаа да го напуштат градот..
Станува збор за 75 македонски државјани кои биле распределени во групи од по 25 мина. Сите три групи се извлечени од Кабул а две од нив се наоѓаат во Доха и во Дубаи.
Како што е познато во вчерашните нереди загинаа најмалку 7-мина, од кои тројца на бизарен начин, паѓајќи од авион кој штотуку полета.