ВМРО-ДПМНЕ во петок ќе ги обелодени останатите кандидати за градоначалници.
„Во петок на прес конференција ќе презентираме 20-тина кандидати за градоначалници во преостан. Од прилика дваесетина мислам дека ќе бидат, нови имиња“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во централниот дневник на Сител.
Мицкоски додаде дека професорката Котлар со своето делување и ставови кои што во изминатиов период ги рефлектираше во јавноста е лице кое што може да направи навистина добар резултат, а тоа вели го покажале и интерните мерења.
„ВМРО-ДПМНЕ не е партија која што има фрустрација дека тоа мора да биде човек кој што има свое портфолио на ВМРО-ДПМНЕ, туку целта на партијата е да излезе со кандидат кој што ќе го победи СДСМ во Општина Центар“, додаде тој.
Мицкоски укажа дека на овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ излегува со нови лица кои се нов бран на политичката сцена.