НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Над 100 евидентирани напади врз хуманитарни работници во 2021 година

0
By Sashko on August 19, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од почетокот на оваа година, евидентирани се повеќе од 100 големи напади врз хуманитарни работници, објави Европската комисија по повод денешниот Светски ден на хуманитарците.

Во 2020 година, 108 хуманитарци го загубија животот, а 125 беа киднапирани, според податоците за безбедносната на хуманитарни работници (AWSD), пренесува Бета.

Им оддаваме почит на сите хуманитарни работници што спасуваат животи и им помагаат на најранливите во кризи низ целиот свет, се вели во заедничката изјава на европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел и комесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич.

Борел и Ленарчич велат дека „несебичната посветеност и напори на хуманитарните и медицинските работници“ станаа уште позначајни со почетокот на пандемијата на коронавирусот, што, сепак, не е најлошата закана со која се соочуваат.

Нагласувајќи дека хуманитарните работници не можат да бидат цел, тие ги повикаа сите страни во сите конфликти низ светот да го почитуваат меѓународното хуманитарно право и да се воздржат од напади врз хуманитарни работници и цивили, вклучително и цивилна инфраструктура.

Се наведува дека предизвиците во областа на хуманитарната помош само се зголемија со пандемијата и климатските промени, а проблемот, покрај зголемените финансиски потреби, е и потешкото и опасно доставување помош, рекоа Борел и Ленарчич во заедничка изјава.

Понатаму се наведува дека Европската комисија ќе обезбеди хуманитарно финансирање од речиси 11,5 милијарди евра за периодот 2021-2027 година и ќе продолжи да им пружа поддршка на оние на кои им е најпотребна, се додека им е потребна.

ЕУ, исто така, тесно ќе соработува со партнерите за да ја зајакне издржливоста на оние кои се изложени на ризик и да одговори на нивните потреби.

ОН проценуваат дека хуманитарна помош ќе биде потребна за скоро 235 милиони луѓе во 2021 година, што е за 40 проценти повеќе отколку во 2020 година (пред пандемијата) и речиси три пати повеќе отколку во 2014 година.

Светскиот ден на хуманитарните работници се одбележува на годишнината од бомбардирањето на седиштето на ОН во Багдад во 2003 година, кога животот го загубија 22 хуманитарци.

напади Свет Светски ден Хуманитарни работници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.