НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вечерва на „Охридско лето“: Претставата „Мојот маж“ на Југословенско драмско позориште

0
By Sashko on August 19, 2021 КУЛТУРА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претпоследниот ден од годинашното фестивалско издание на „Охридско лето“ е резервиран за театарската претстава „Мојот маж“, режисерска поставка на Јелена Томиќ, во изведба на Југословенскиот драмски театар од Белград.

Станува збор за претстава работена по текст на Румена Бужаровска, која во збирката раскази „Мојот маж“ создава портрети на различни жени, а поентата на нивната поврзаност е фактот дека мажите се централен фокус на нивните животи и постапки.

Динамиката на односите е секогаш иста – мажот е на пиедесталот, а жената во сивата зона на постоењето ги реализира своите цели и потреби без да ја наруши или загрози машката позиција и моќ.

Авторката Бужаровска, овој поширок контекст, кој ги детерминира односите, постапките и случувањата на ликовите, не го преиспитува, ниту го критикува. Таа протестира против патријархатот при што вели – патријархатот е наша реалност и ќе биде уште долго време.

Улогите во претставата ги толкуваат Jована Беловиќ и Сања Mарковиќ.

Претставата ќе се игра на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 21 часот. Претставата не се препорачува за лица помлади од 16 години.

Режисерката Јована Томиќ ги завршува основните дипломски и мастер студии на Факултетот за драмски уметности во Белград, на Катедрата за театарска и радио режија, во класата на Алиса Стојановиќ. Во Југословенско драмско позориште таа ја поставува претставата „Натан Мудриот“ (2019 година),  а ги режирала и претставите: „Г-дин Бидерман и пироманите“, „Урнебесна темнина“ (Ателје 212), „Кабаре Нушиќ“ (Театар Зоран Радмиловиќ, Зајечар), „Лолита“ (Мадленианум), „Боси во паркот“, „Лисистрата“ (Национален театар Суботица), „Чекаќи ја иднината“ (Паоло Граси), „Егзодус„ (Драгстор, 20/44) и многу други.

Добитник е на првата награда на Радио Белград 2, на конкурсот за радио драма „Неда Деполо“, додека претставата „Движење“ и носи шест награди во рамки на 65. фестивал „Стерјино Позорје“.

„Мојот маж“ Југословенско драмско позориште култура Македонија Охридско лето претстава Репертоар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.