Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчките граници се заштитени од секаков вид закани, уверуваат министрите за одбрана и цивилна заштита на Грција

0
By НОВА ТВ on August 20, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 20, 2021 17:21

Порака дека границите на Грција се безбедни и заштитени, а земјата ќе се одбрани од било каква закана, испратија министрите за одбрана и цивилна заштита на Грција Никос Панајотопулос и Михалис Хрисохоидис по нивната посета на Еврос, каде што се сретнаа со претставници на војската и ја проверија ситуацијата на граничните премини, како и текот на изградбата на железната ограда на границата со Турција, јави дописничката на МИА од Атина.

-Грција продолжува да се заштитува од секакаква потенцијална или постоечка безбедносна закана. Ова е волјата на Владата, ова е се наредбите и упатствата на самиот премиер. Потребна е организација, потребен е план, потребен е труд, многу работа долго време, па така потребно е и време, потребна е континуирана будност и подготвеност, но сето ова постои. Се покажа дека постои. А сега овој план се спроведува, истакна министерот за одбрана на Грција Никос Панајотопулос.

Министерот за цивилна заштита на Грција рече дека границите се заштитени и нема да дозволат никаков обид за прекршување.

-Ги поддржуваме демократските права и слободи на луѓето, но паралелно не можеме да дозволиме инструментализација на мигрантските бранови кои евентуално би произлегле. Наша одлука е, и ова е наредбата од премиерот, која денеска ја пренесуваме до претставниците на армијата и полицијата. Наша одлука е одбраната и безбедноста на нашите граници. Нашите граници ќе останат безбедни и неповредливи, рече Хрисохоидис.

Додаде дека овие денови завршува изградбата на оградата од околу 40 километри на Еврос.

Двајцата министри во средата учествуваа на состанокот на владиниот совет за национална безбедност свикан од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за последните случувања во Авганистан, а било разговарано и за планот, како на европско и на билатерално, така и на национално ниво за потребата за заштита на границите и избегнување нова хуманитарна криза, како и за спречување на илегални влезови во земјата.

безбедност Граници Грција Еврос
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.