Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кина дозволи двојките да имаат и трето дете

0
By Sashko on August 21, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 21, 2021 14:22

Кина усвои амандман на Законот за планирање на семејството што им овозможува на двојките да имаат три деца, како дел од обидот да спречи демографска криза, пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ). Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес вчера ги усвои измените на Законот, како дел од повеќедеценискиот напор на владејачката Комунистичка партија да ја диктира големината на семејствата во согласност со политичките директиви.

Агенцијата АП потсетува дека од осумдесеттите години на минатиот век, Кина строго ја ограничи големината на семејството на само едно дете за повеќето парови, спроведувајќи таква политика со закани за парични казни или губење на работа, што доведе до злоупотреби, вклучително и принудни абортуси, пренесува РСЕ.

Претпочитањето на синови доведе до сексуално селективни абортуси, што создаде огромна нерамнотежа во односите меѓу половите. Правилата првпат беа олабавени во 2015 година, кога на родителите им беше дозволено да имаат две деца.

Најнаселената земја во светот долго време ја фалеше политиката за едно дете како инструмент со кој се спречи раѓање на околу 400 милиони бебиња, што значи заштеда на ресурси и зајакнување на економскиот раст. Меѓутоа, наталитетот во Кина, паралелно со трендовите во Јужна Кореја, Тајланд и другите азиски економии, веќе паѓаше и пред правилото за едно дете. Според Светската банка, просечниот број на деца по мајка се намалил од шест во 60-тите на под три до 1980 година.

Во меѓувреме, работоспособното население на Кина се намали во последната деценија. Според владиниот попис што се спроведува на секои десет години, популацијата се зголеми на 1,411 милијарди луѓе во 2020 година, наспроти 72 милиони во 2010 година.

Статистиката покажува дека минатата година се родиле 12 милиони бебиња, што е за 18 проценти помалку од 2019 година.

Кинезите на возраст над 60 години учествуваа со 18,7 проценти во вкупното население во земјата во 2020 година, што е за 5,44 процентни поени повеќе отколку во 2010 година. Во исто време, процентот на работоспособни граѓани се намали на 63,3, од вкупно 70,1 проценти колку што беше на пописот пред една деценија, пренесува РСЕ.

деца Кина наталитет родители Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.