НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија ја зајакна воената база во Таџикистан

0
By НОВА ТВ on August 25, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Русија соопшти дека ја зајакнала својата воена база во Таџикистан со противтенковски системи, а претседателот Владимир Путин предупреди дека „хаосот“ предизвикан од Западот со повлекувањето од Авганистан ја загрозува соседната земја.
Базата доби неколку противтенковски системи „Корнет“, соопшти руската војска.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу пред околу еден месец најави проширување на најголемата руска база во странство, а руските вооружени сили неодамна учествуваа во заедничка воена вежба со Таџикистан и армиите на другите земји од Централна Азија.

По објавата за зајакнување на базата, Путин го обвини Западот дека зад себе оставил хаос со повлекувањето од Авганистан и довел други земји во голема опасност.

– Постои опасност терористите и различни групи кои нашле засолниште во Авганистан да го искористат хаосот што го оставија зад себе нашите западни партнери. Тоа е директна закана за нашите сојузници и за нашата земја, истакна Путин, алудирајќи на земјите во соседството на Авганистан, како што се Таџикистан и Узбекистан.

Шверцот со дрога и илегалната миграција може да се интензивираат, објасни рускиот претседател во говорот на митингот на партијата Единствена Русија, организиран пред изборите кои треба да се одржат на 19 септември.

– Сето ова се закани за нас и се апсолутно реални, нагласи рускиот претседател.

Тој, исто така, вети дека нема да дозволи Русија повторно да биде вовлечена во конфликт.

– Советскиот Сојуз доживеа што значи да се остане во таа земја долго време и ги извлековме потребните заклучоци од тоа искуство, рече рускиот претседател.

Русија го нападна Авганистан во 1979 година, а илјадници советски војници беа убиени во окупацијата, која траеше до 1989 година.

Шојгу, пак, истакна дека талибанците се здобиле со „големо количество оружје на НАТО“ откако ја презеле контролата врз Авганистан, и изрази загриженост поради шверцот со дрога, велејќи дека 93 проценти од хероинот кој денес циркулира низ целиот свет, потекнува од Авганистан.

Авганистан Кабул Таџикистан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.