Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Десет дена до почеток на пописот – ДЗС целосно подготвен, опозицијата бара да биде електронски

0
By Ivana on August 26, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 26, 2021 08:44

Подготвителните активности за Пописот на населението, домаќинствата и становите се целосно завршени и Државниот завод за статистика информира дека е целосно подготвен за отпочнување на најголемата и најзначајна статистичка операција, што по речиси 20 години е предвидено да се спроведе во земјава од 5 до 30 септември годинава

Додека директорот на ДЗС, Апостол Симовски, вчера увери дека целосно ќе се почитуваат донесените строги здравствени протоколи и дека нема да биде загрозено здравјето на ниту еден поединец во државата, за опозициската ВМРО-ДПМНЕ со оглед на зголемениот број новозаразени најдобро решение е да се направи електронски попис.

Ваквиот предлог, Симовски категорично го отфрли и нагласи дека сега ниту може, ниту има намера да се размислува за менување на методологијата, која како што рече, е донесена со Закон, објавена во Службен весник и одобрена од Евростат.

– Имаме јасни и прецизни КОВИД-протоколи кои мора и ќе се почитуваат. Тоа е наша обврска, но и гарантираме дека протоколите максимално ќе се почитуваат. Ќе сносиме одговорност ако тоа не се случи, рече Симовски, нагласувајќи дека ова е задолжителна активност и обврска на сите.

За попишувачи аплицирале речиси осум илјади луѓе, а како што информира Симовски, точната бројка на попишувачи кои евентуално би недостигале, ќе се знае откако ќе се спроведе тестирањето на кандидатите.

Симовски, рече дека е задоволен од пријавениот број и дека очекува да има комплетна покриеност со попишувачи на терен, а можноста која им е на располагање за вклучување на лицата кои се времено ангажирани од Владата и локалните власти, тој нагласи дека ќе се користи само доколку немаат доволно кадар и согласно потребите.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, пак, вчера рече дека во услови кога имаме поразителни бројки на заразени и починати од корона вирусот најдобро е да се направи електронски попис.

– Најдобар начин да се спроведе целата оваа процедура е да се направи електронски попис, кој што ВМРО-ДПМНЕ цело време го бара. Со електронски попис, без физичко посетување на граѓаните во домовите, ќе се спречи заразата да се шири, а ќе може точно да утврдиме колку има население во Македонија за да нема манипулации какви што власта сега сака да прави. Така што, решение е електронски попис за да се заштити здравјето на граѓаните и да нема манипулации, изјави Николовски, одговарајќи на новинарски прашања по вчерашната средба со граѓани во населеното место Драчево во Општина Кисела Вода.

Со политички договор поради пандемијата со КОВИД-19 пописот, кој првично беше закажан за април годинава беше одложен за септември.

Собранието со 95 гласа „за“ и 12 „против“ на 2 април годинава го донесе по скратена постапка Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година со што пописот и формално беше одложен за 5 до 30 септември.

Одложувањето на пописот, заедно со воведувањето на отисок од прст и одложувањето на локалните избори за октомври годинава, беа дел од договорот на средбата меѓу лидерите на двете најголеми партии во земјата премиерот Зоран Заев од СДСМ и Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, додека со поддршка подоцна излезе и лидерот на ДУИ Али Ахмети

избори локални Македонија партии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.