Во двата бомбашки напади во Кабул, најмалку 60 луѓе загинаа, а повеќе од 150 се повредени. Додека бројот на загинати американски војници се искачи на 10.
Известувачите на некои светски медиуми на социјалните мрежи информираа дека во Кабул имало уште една, трета експлозија.
Некои светски медиуми јавија дека околу аеродромот во Кабул се слушаат истрели.
Инаку, по првата експлозија на аеродромот во Кабул, американски функционер за Асошиејтед прес изјави дека се верува оти зад нападот стои групата ИСИС-К (Исламска држава во Хорас), за која како опасност и закана предупредуваше и претседателот на САД, Бајден.