Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Можно е затворање на СТА, словенечката влада не платила 2 милиони евра, предупредија новинарите

0
By НОВА ТВ Balaban on August 31, 2021 СВЕТ
Фото: istockphoto.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 31, 2021 15:42

Раководството на СТА и новинарите со месеци беа во спор со владата на премиерот Јанез Јанша, која одбива да им исплати два милиони евра или половина од годишниот буџет за јавниот информативен сервис.

Новинарите на Словенечката новинска агенција (СТА) денеска предупредија дека можно е Агенцијата да престане со работа, бидејќи Владата, незадоволна од уредувачката политика, повеќе од 200 дена не плаќа за добиените услуги.

Во апелот до домашните политичари и европските институции, новинарите наведуваат дека Агенцијата има пари да исплати само една плата.

– Уште на почетокот на октомври, може да се најдеме во состојба на неликвидност, се истакнува во изјавата испратена до Парламентот, Владата и претседателот, барајќи од нив „конечно да направат нешто“.

За состојбата во Агенцијата информирани и претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лејен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

Раководството на СТА и новинарите со месеци беа во спор со владата на премиерот Јанез Јанша, која одбива да им исплати два милиони евра или половина од годишниот буџет за јавниот информативен сервис. Другата половина од средствата Агенцијата ги остварува на пазарот.

Во согласност со законите СТА, Владата до почетокот на годината исплатуваше пари на редовни месечни рати.

Јанша постојано ја обвинува СТА за наводно ширење лажни вести и ја нарекува нивната работа „срамна“ и бара промена на раководството.

СТА неодамна го отфрли владиниот предлог за нов договор, кој предвидуваше поголема контрола врз работата на Агенцијата, формирана од државата во 1991 година.

Новинарските здруженија и опозицијата уште од почетокот на мандатот на Јанша, во март 2020 година, го критикуваат премиерот за притисок врз СТА и врз националната телевизија.

 

Влада новинари Словенечката новинска агенција СТА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

ВЕСТИ May 17, 2026

Неверојатно е како во оваа држава секој знае што не направил ама никој не чувствува…

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026

СДСМ: Нов скандал – нова бомба: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф, омилената фирма на власта

May 16, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

May 15, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.