Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворен адреналинскиот парк на кејот на реката Вардар во Карпош

0
By НОВА ТВ on September 2, 2021 РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 2, 2021 20:05

На кејот на реката Вардар во Општина Карпош попладнево беше отворен Адреналинскиот парк, финансиран од ЕУ и локалната самоуправа. Овој Спортско рекреативен парк е прв од ваков вид во главниот град.

Зоната е на површина од 10.000 метри квадратни има адреналински дел, игралиште за фудбал и одбојка на песок со трибини, реконструиран скејт парк, сквер, детско игралиште, а поставена е и соодветна урбана опрема. Во склоп на паркот и неговата околина засадени се нови 80 високоизраснати дрвја, нова тревна површина, а поставен е и систем за неговор наводнување и одржување.

На отворањето на Адреналинскиот парк, единствен во градот Скопје, присуствуваа премиерот Зоран Заев, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и градоначалниците на главниот град Петре Шилегов и на Карпош Стефан Богоев.

Адреналинскиот парк е изграден со грант од ЕУ преку Светска банка во рамки на проектот за „Локална и регионална конкуретност, а финансиско учество има и Општината Карпош.

Премиерот Зоран Заев изрази, како што кажа, воодушевување од овој Спортско – адреналискиот парк. За Адреналинскиот парк, кажа дека, станува збор за модерна атракција која може да конкурира на вакците паркови во другите земји.

-Овој современ простор ќе даде одлична можност за релаксирање на љубителите на авантуризмот и адреналинските спортски доживување, рече Заев посочувајќи дека ќе можат да го користат не само Скопјани туку и граѓани од целата земјата и туристи.

Владата, како што рече премиерот, останува на определбата за поддршка на локалната самоуправа и да поддржува политики кои се однесуваат на создавање подобри услови на граѓаните.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи информираше дека Андреланскиот парк е реализиран во рамки на проектот за „Локална и регионална конкуретност“ кој е во вкупна вредност од 21 милиони евра, а е поддржан од Делегацијата на ЕУ и Владата на РСМ. Ова е еден од 57-те подпроекти што се одвиваа изминатите години во десет туристички дестинации низ државата, а со кои директно се влијае на атрактивноста на нашата држава како туристичка дестинација и за домашните и за странските туристи.

-За реализација на овој потпроект беше одобрен буџет од 907 илјади евра, од кои прекку проектот се обезбедени 85 отсто од средствата или 770 илјади евра, додека Општина Карпош партиципира со околу 140.000 евра, истакна Битиќи.

Првиот човек на градот Петре Шилегов,  изрази задоволство што главниот град добива вакво место кое ќе биде не само за Скопјани, туку и за туристите што ќе го посетат.

-Продолжуваме посветено да работиме на унапредување на животната средина на нашите сограѓани и што ќе значи истовремено и повеќе зеленило и повеќе содржини за спорт и рекреакција што се неоподни услови за водењето на здрав живот во вакци услови, рече Шилегов.

Градоначалникот на Општина Карпош Богоев информираше дека за Адреналинскиот парк задолжен е субјектот Адвенчр сајд и нивните претставници се дел од Спортско – качувачката федерација, а поминаа и посебна обука со цел правилно функционирање и поголема безбедност за сите посетители на Адреналинскиот парк. За другите делови од паркот, како одбојкарското и фудбалското игралиште ќе бидат задолжени од општинското оделение за спорт.

-Сите заинтересирани граѓани ќе можат да закажуваат термини преку мејл и телефон што дополнително ќе бидат објавени. Реализацијата на овој проект е потврда за нашата заложба за зелен Карпош, рече Богоев.

адреналински парк карпош Кеј на Вардар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.