Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска на маалска средба во Кисела Вода: Вложуваме во подобро образование

0
By НОВА ТВ on September 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 3, 2021 22:13

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, вечерва на маалска средба со жителите на Општина Кисела Вода заедно со кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, разговараше за сработеното во изминатиот период, но и за новите предизвици и очекувања на граѓаните. Царовска изрази задоволство што е помеѓу жителите од кои директно може да ги слушне нивните барања.

– Изминатите четири години како владејачка партија со нашите коалициони партнери, огромно внимание посветивме на развој на подобри услови за живот, школување и вработување на младите. Во таа насока се и образовните реформи со кои го подобруваме квалитетот на наставата, но и ги подготвуваме сегашните и идните генерации за идните работни места и времето коешто допрва ни доаѓа, рече Царовска.

Таа истакна дека и покрај тоа што сме во услови на пандемија, како партија која води вистинска грижа за учениците и младите успеавме да донесеме целосно нова Концепција за основно образование, да подготвиме и испечатиме целосно нови учебници за прво одделение, и да создадеме први дигитални материјали за учење за 4-то одделение.

– После година и половина ги отворивме училиштата за сите ученици под безбедносни протоколи и мерки за заштита, затоа што учењето во училница е најдобра опција. Училиштата ги подготвивме за имплементација на реформите во прво и четврто одделение со потребните нагледни средства, дидактика, смарт табли, таблети и слично. Овој процес не го запираме овде, туку продолжуваме уште посилно да вложуваме во нова инфраструктура и да ги подобруваме условите за настава во училиштата не само овде во вашата населба и општина, туку и на ниво на цела држава. Затоа што СДСМ знае дека инвестицијата во образование е најисплатливата инвестиција на државата. За да ги продолжиме сите овие реформски процеси кои се исклучиво во интерес на граѓаните, потребна ни е важата доверба и соработка и во наредниот период, рече Царовска.

Царовска потенцираше дека за реконструкција и санитарните јазли и за реконструкција на дел од подната плоча на објектот на училиштето ,,Златан Сремец“ што го посетуваат 200 деца, се инвестирани над 5,1 милион денари, а во ОУ ,,Кузман Шапкарев во населба“ во Драчево реновирани се санитарните јазли, за што се обезбедени над 5 милиони денари во 2020 година.

Кисела Вода СДСМ средби Царовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив: Полицајците избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Кијив: Полицајците избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.