Некогашниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски на социјалните мрежи објави дека повторно се одлучил да се кандидира за прв човек на оваа општина
– Сакам да ве известам дека одлучив да се кандидирам за следен градоначалник на Општина Карпош на претстојните локални избори, напиша Јакимовски на својот профил на Фејсбук.
Противкандидат на Јакимовски од СДСМ ќе биде директорот на скопски Водовод Душко Весковски, а ВМРО-ДПМНЕ уште не го објавил нивниот кандидат.
Јакимовски чека судење за обвинението од август 2018, каде е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувањата, дека како градоначалник дозволил објектот на Општина Карпош каде што е сместена општинската администрација да се изгради без одобрение за градба и без соодветно архитектонско-урбанистичка документација.