Опозициската партија ВМРО – ДПМНЕ соопшти дека писмото на директорите на јавните здравствени установи за спас на министерот Венко Филипче е писмо за спас на директорските фотелји. Според ВМРО – ДПМНЕ Филипче, Груби и Заев треба да си дадат оставки.
– Тоа писмо за спас на фотелјите ги обвистини и партиските директиви на СДСМ за организираното жалење за оставката на Филипче за која Заев сè уште не се изјаснил дали да ја прифати. Тоа значи дека ниту Заев не чувствува морална одговорност. Очигледно СДСМ повеќе се грижи за фотелјата од независна истрага, се наведува во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ.
Од партијата го коментираат и маршот во Тетово.
– Протестот на граѓаните од Тетово праќаат порака дека народот бара одговорност за ужасната несреќа, наведува ВМРО – ДПМНЕ и додаваат дека до одговорност ќе се дојде само со неутрална истрага, а таа ќе се случи само ако Заев, Филипче и Груби си дадат оставки за да не влијаат врз истрагата.
ЛЕКАРИТЕ НЕ ЈА ПРИФАЌААТ ОСТАВКАТА НА ФИЛИПЧЕ: Тој го врати дигнитетот на професијата