Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Република Северна Македонија ќе дисеминира знаење на Црна Гора за искористување на средства од ИПАРД

0
By НОВА ТВ on September 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 13, 2021 19:47

Северна Македонија ќе дисеминира знаење на Црна Гора за искористување на средства од ИПАРД и воведување на ИАКС систем, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР).

Ова е еден од заклучоците од денешната средба на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски со црногорскиот министер за земјоделство Александар Стијовиќ и државната секретарка за земјоделство Николина Мишниќ.

Како што пренесуваат од АФПЗРР, на состанокот се разговарало како двете институции да обезбедат меѓусебна соработка и заемно да си помагаат во насока на развој и јакнење на административната структура и зголемена апсорпција на средствата и од националниот и од ЕУ буџетот.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски истакнал дека со интензивирање на комуникацијата на политичко и техничко ниво се отвораат и нови можности за размена на искуства и меѓусебно помагање на патот кон ЕУ и за двете земји.

– Република Северна Македонија преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, веќе долго време ја реализира ИПАРД програмата. Најдобар доказ дека и институцијата и земјава имаат капацитет за нејзина успешна имлементација е целосното искористување на расположливите средства одобрени од ЕУ, преку ИПАРД 2 програмата. Потврда дека сме лидер во регионот за искористување на средствата од ИПАРД 2, пристигна и од Директоратот за земјоделство на ЕУ, истакнал Бачовски.

Министерот за земјоделство на Црна Гора порачал дека се добредојдени сите искуства и насоки со цел успешна имплементација на ИПАРД програмата во Црна Гора, но и апсорпцијата на средствата од националниот буџет.

– Заедничкото минато, географската близина, и досегашното искуство се гарант за успешна соработка во иднина. Имаме многу што да научиме од институционалната меморија на вашите служби и се надеваме дека вашата поддршка во нашите реформи нема да изостанат, истакнал Стијовиќ.

Двете институции, како што наведува, заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во наредниот период ќе склучат и договор за соработка со што и официјално ќе почне меѓусебната соработка.

ипард Никица Бачовски Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

ВЕСТИ May 11, 2026

Европската Унија реагираше многу претпазливо на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во…

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.