НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и Маричиќ: Со прифатените амандмани на Изборниот законик обезбедивме дополнителни гаранции за локални избори според највисоки стандарди

0
By НОВА ТВ on September 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев и министерот за правда Бојан Маричиќ примија делегација на мисијата за следење на локалните избори на канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), предводена од шефицата на мисијата Тана де Зулуета.

Заев и Маричиќ на средбата истакнаа дека сите подготовки за спроведување фер и демократски избори за градоначалници и за совети во општините во надлежност на Владата се спроведени во целост во согласност со препораките на ОБСЕ-ОДИХР, вклучувајќи и поголем дел од оние кои се однесуваа и на Изборниот законик.

Тие на средбата соопштија дека со прифатените амандмани на Изборниот законик кои поминаа со големо мнозинство од сите политички партии во Собранието, се обезбедени дополнителни гаранции за спроведување на локалните избори според највисоки стандарди.

Како дел од прифатените амандмани е и предложеното дополнување во Законот со кој се зголемувањето на отчетноста, транспарентноста и контролата на државните ресурси за време на изборниот процес. Во таа насока, за остварување целосен надзор, сите државни институции се задолжени до Државната комисија за спречување на корупцијата да достават податоци за сите моторни возила со кои располагаат со цел увид во нивното користење за време на изборите и спречување на евентуални злоупотреби.

Премиерот Заев на средбата со претставниците на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР нагласи дека Република Северна Македонија доби високи оценки за организацијата на последните три изборни претседателски, парламентарни и локални избори, и дека се имплементирани сите дополнителни барања за унапредување на изборниот процес вклучувајќи го новиот начин на идентификација со отпечаток од прст за што во избирачкиот список со новите амандмани е додаден и посебен бар код за поголема контрола на гласањето.

Шефицата на мисијата на ОБСЕ-ОДИХР Тана де Зулуета информираше дека овие локални избори набљудувачката мисија ќе ги следи со 20 долгорочни и 250 краткорочни набљудувачи, кои ќе пристигнат неколку дена пред денот на изборите.

На средбата беше потврдено дека изборите ќе се спроведат под строга контрола и со почитување на утврдените протоколи за организирање безбедна кампања и гласање во услови на актуелната пандемија со КОВИД-19.

Заев избори маричиќ ОБСЕ/ОДИХР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.