НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реконструкција на британската Влада, досегашниот шеф на дипломатијата Доминик Раб ќе раководи со Министерството за правда

0
By НОВА ТВ on September 15, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Британскиот премиер Борис Џoнсон направи промени во Владата на владејачката Конзервативна партија, кои денеска ги објави неговата канцеларија.

Доминик Раб, досегашен министер за надворешни работи, сега ќе раководи со Министерството за правда, а исто така ќе биде и вицепремиер.

За нов министер за надворешни работи е назначена Елизабет (Лиз) Трус, која досега беше министерка за меѓународна трговија. Таа е втора жена на чело на британското Министерство за надворешни работи, по Маргарет Бекет во периодот 2006-2007 година.

Друг висок член на кабинетот, канцеларот на Војводството Ланкастер, Мајкл Гоув (кој ја надгледува целокупната работа на Владата), ќе го предводи Министерството за домување, заедници и локална самоуправа. Нему ќе му бидат доверени и две други важни задачи – да биде одговорен за елиминирање на нееднаквостите во земјата и за одржување односи меѓу четирите делови на Обединетото Кралство – Англија, Велс, Шкотска и Северна Ирска.

Министрите за финансии и внатрешни работи, Риши Сунак и Прити Пател ги задржуваат своите функции.

Роберт Бакленд, Роберт Џенрик и Гевин Вилијамс, досегашни министри за правда, за социјална политика и за образование, повеќе не се дел од владата. Како што е посочено, најизненадувачки е можеби отпуштањето на Бакленд, кој, за разлика од Џенриќ и Вилијамс, не беше критикуван за неговите одлуки.

Британскиот премиер ја направи реконструкцијата на Владата по неколку месечни критики.

Како што пренесуваат странските агенции, тој сега сака да го сврти вниманието кон подигнување на животниот стандард откако Британија вакцинираше голем дел од нејзиното население против Ковид-19 и беа укинати рестриктивните мерки во земјата.

– Целта на Џонсон е да формира „силен и обединет тим“ за исполнување на неговите предизборни ветувања во 2019 година за справување со нееднаквоста меѓу областите и обединување на земјата, изјави претставник на неговиот кабинет.

Портпаролот на британскиот премиер рече дека „вистинскиот тим“ ќе има задача да ги исполни „јавните приоритети“.

– Можете да видите како досега се справуваме со надминување на нееднаквоста помеѓу различни области. Ќе продолжиме со оваа задача, рече тој.

Британија Влада Раб Џонсон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.