НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милановиќ и Ѓукановиќ: Црна Гора е заложник на незаинтересираноста на ЕУ

0
By НОВА ТВ on September 16, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Црна Гора е заложник на незаинтересираноста на европската политика, изјави денеска хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за време на посетата на црногорскиот колега Мило Ѓукановиќ, кој предупреди дека геополитичкиот вакуум на Балканот се искористува од земји како Русија, кои се против европскиот систем на вредности.
– Фактот дека нема војна, тоа што фала богу нема крв, не е причина да се држат луѓе како заложници. А Црна Гора во моментов е заложник на незаинтересираност, спазмичност на европската политика, истакна хрватскиот претседател на прес-конференцијата по средбата со Ѓукановиќ.
Милановиќ се осврна на напредокот кој Подгорица го постигна во преговорите за членство во Европската унија, отворајќи го и последното поглавје, но во европските кругови не е наградена со диференцијација од другите земји кандидати на Западен Балкан, кои заостануваат во тој процес.

– Црна Гора заслужува повластен третман. Во спротивно, самата идеја за преговори нема смисла, нагласи Милановиќ, додавајќи дека негова задача е да се „привлече внимание“ на тој факт, како и на неодамнешните етнички и верски тензии во соседната земја на Хрватска.

Црногорскиот претседател истакна дека Подгорица „е погодена од дефицит на внимание од најважните европски политички адреси“, што создаде политички вакуум на Балканот.
Затоа на балканскиот простор „се појавуваат интереси на другите, земји кои произлегуваат од вредносни платформи спротивни на Европа“, рече Ѓукановиќ.
– Русија денес не дејствува толку на територијата на Западен Балкан заради Западен Балкан, туку поради војната која ја води против европското единство и вредносниот систем, смета црногорскиот претседател.

Тој додаде дека „суштинската порака што ја добиваме секој ден директно од Москва или преку нејзините сателити е дека нашиот избор за членство во НАТО и ЕУ не е добар геополитички избор“.
Црна Гора е членка на НАТО од 2017 година.
Ѓукановиќ пристигна во дводневна посета на Хрватска во услови на зголемени политички и етнички поделби во неговата земја, само еден ден откако црногорските опозициски партии, предводени од неговата Демократска партија на социјалистите (ДПС), побараа формирање преодна влада која ќе распише парламентарни избори по устоличувањето на митрополитот црногорско-приморски Јоаникије во Цетиње, кое беше проследено со насилни протести.

Гукановиќ Милановиќ Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.