Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

РКЕ почна постапки за одземање на лиценците на двајца снабдувачи со електрична енергија

0
By НОВА ТВ on September 23, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 23, 2021 13:05

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) почна постапки за одземање на лиценци на двајца снабдувачи на електрична енергија – Друштвото за производство, трговија и услуги МИСТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје и Друштвото за трговија со електрична енергија У ПОВЕР ДОО експорт-импорт Скопје.

Причината за тоа е што не ги обезбедиле навреме и во целост количините на електрична енергија за кои имаат склучено договори со потрошувачите и нe постапиле во целост по претходно донесените одлуки на РКЕ со кои им беа наложени мерки за усогласување на работењето.

За снабдувачот со електрична енергија Енергија гас енд пауер ДООЕЛ Скопје, РКЕ донесе одлука за преземање на мерки со што практично снабдувачот треба да достави докази дека ја има обезбедено потребната количина на електрична енергија за потрошувачите.

– МИСТ ЕНЕРГИ и У ПОВЕР не купиле електрична енергија навреме и сега кога цените на берзите се зголемија, количините кои им недостигаат ги надополнувале од резервите на МЕПСО кои се наменети за балансирање на електроенергетскиот систем. МЕПСО ја алармираше РКЕ дека е евидентирано неоправдано зголемено ангажирање на електричната енергија која се користи за исклучителни ситуации. Дополнително оваа електрична енергија што снабдувачите ја користеле од механизмот за балансирање е поевтина од берзанската цена, со што ја нарушуваат конкуренцијата и ја загрозуваат стабилноста на електроенергетскиот систем. РКЕ ја следи состојбата во континуитет и пред еден месец побара од овие снабдувачи да доставуваат (докази дека имаат обезбедено електрична енергија) номинации согласно потребите на своите потрошувачи, но до истекот на рокот не постапија и затоа отпочнуваме со постапка за одземање на лиценци, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

РКЕ донесе и одлуки со кои им налага на снабдувачите Соларопро Холдинг ДООЕЛ, Вангард ДОО Скопје и Енерџи акитиве увоз-извоз ДООЕЛ Скопје точно и целосно да ги информираат потрошувачите за нивните права и обврски.

-Регистриравме половично информирање и обиди за манипулација од страна на снабдувачите кон потрошувачите. Па така, дел од снабдувачите почнале да ги раскинуваат договорите со домашните компании, министерства, јавни претпријатија и други установи пред време и се обиделе да им фактурираат по нови цени. Сакам да потенцирам дека преку донесените закони и правилници потрошувачите се заштитени и снабдувачот не смее да им ја промени цената од договорот додека трае периодот на промена на снабдувач, односно додека не склучи нов договор. Снабдувачот е обврзан да му ја фактурира испораката на струја на потрошувачот согласно цената во договорот за снабдување. Доколку тоа не го прави и манипулира РКЕ ќе отпочне со соодветни постапки. Сакам да потенцирам дека овие ценовни дисторзии се евидентирани на слободниот пазар на големо, додека цената на електричната енергија за домаќинствата е стабилна и гарантирана од домашниот производител ЕСМ. Универзалниот снабдувач ја има обезбедено потребната енергија, изјави Бислимоски.

РКЕ ќе ја информира Комисијата за заштита на конкуренција за последните донесени одлуки и отворени постапки.

електрична енергија ЕСМ РКЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.