НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Се отвораат нови добро платени работни места, глобалните компании ја препознаваат поволната бизнис клима во земјата

0
By НОВА ТВ on September 23, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, присуствуваа на настан по повод отворањето на 50 нови работни места како резултат на иницијативата на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ (ФМТКП) за реалокација на центарот за корисничка поддршка од Атина во Скопје. Центарот започна со работа во Скопје и оттука ќе се води грижа за корисниците на новите иновативни производи на компанијата во Северна Македонија, но и на 4 други земји во регионот, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, информираа од Владата.

Филијалата на контакт центарот за корисничка поддршка во Скопје е дел од светскиот гигант „Teleperformance“ кој има преку 380 илјади вработени ширум светот кои покриваат 83 земји. Премиерот Зоран Заев истакна дека оваа инвестиција покажува дека владините стимулативни политики за компаниите даваат конкретни резултати.

„Ги повикувам и охрабрувам компаниите да продолжат да инвестираат, а ние како Влада ќе останеме посветени кон развојот на бизнис климата во земјата. Глобалните компании како „Филип Морис Интернешнл “ вложуваат во иновации и развој, отвораат нови можности за младите да работат во средина карактеристична за големите светски реномирани компании. Тоа значи и можност за професионален напредок по меѓународни стандарди. Денешната инвестиција на компанијата овозможи 50 млади луѓе да ја започнат својата кариера во меѓународна компанија каде младите ќе имаат можност за професионален напредок по меѓународни стандарди. Задржување на младите во земјава и развојот на компаниите во Северна Македонија е императив за економските политики кои ги спроведуваме. Вложуваме многу во овој сегмент и посебно сме горди кога сме на ваков настан да ги слушнеме резултатите, успесите и плановите за развој на приватниот сектор”, изјави Заев.

Заев инвестиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.