Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Први излезни анкети за изборите во Германија: Мртва трка меѓу конзервативците и социјалдемократите

0
By Sashko on September 26, 2021 НАСЛОВНА, СВЕТ
Фото: aa.com.tr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 26, 2021 19:34

Конзервативците и социјалдемократите освоија речиси ист број гласови на денешните парламентарни избори во Германија, но засега се уште не е познато кој ќе ја заземе првата позиција, покажуваат резултатите врз основа на излезните анкети.

Според излезната анкета на телевизијата АРД, и конзервативната коалиција на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), но и Социјалдемократската партија на Германија (СПД) освоија по 25 проценти од гласовите.

Излезната анкета на телевизијата ЗДФ предвидува дека СПД, чиј кандидат за канцелар е Олаф Шолц, ќе има 26 проценти, а демохристијаните, предводени од Армин Лашет, ќе освојат 24 отсто од гласовите.

Резултатите од двете излезни анкети покажуваат дека Зелените, предводени од Аналена Бербок, се на трето место, со околу 15 проценти од гласовите.

Тесниот резултат на изборите покажува дека претстојат долги преговори за новата влада и дека е неизвесно кој ќе ја наследи канцеларката Ангела Меркел, која се повлекува од функцијата по 16 години на чело на германската влада.

Резултатот на ЦДУ/ЦСУ очевидно ќе биде нивниот најлош во повоената историја на Германија. Таа коалиција, која беше предводена од Меркел на претходните избори, имаше најлош резултат досега во 1949 година со освоени 31 процент од гласовите.

Германија избори коалиција конзервативци пораз Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.