НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Ресен, Јован Тозиевски кандидат за градоначалник

0
By НОВА ТВ Balaban on September 29, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Партијата ВМРО-ДПМНЕ вечерва ја продолжи изборната кампања во Ресен кадешто го претстави кандидатот за градоначалник на овој град – Јован Тозиевски и ја побара поддршката од граѓаните за него.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг од Преспанскиот крај изјави дека „нема да кажувам дека во Ресен првпат сум се заљубил, сум имал девојка првпат тука, тоа ќе ви го каже еден друг“.

– Тој кој што вчера овдека се паркираше со најнова марка на патничко возило БМВ, од прилика пресметавме е еднакво колку 3 милиони килограми јаболка од прилика толку чини тоа возило, рече Мицкоски вечерва пред ресенчани.

Тој на митингот додаде дека „луѓето се демотивирани, деморализирани, полни со апатија за тоа што гледаат дека на власт е политичка елита која што не само што не знае каде тера туку никогаш ниту пак имала амбиција да го покаже вистинскиот пат кон иднината“.

– Единствената нивна амбиција е што повеќе тендери да си доделат ним, на нивните пајташи, што повеќе пари од народот да украдат, што повеќе злоба и пакост да нанесат, што повеќе срам и понижување да му причинат на овој народ – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Мицкоски пред да се обрати на граѓаните на Ресен, вечерва им порача на стружани:

– Треба да градиме пактови и сојузи кои ќе нѐ носат кон иднината, бидејќи сите македонски граѓани делат иста мака, потребно е создавање на заедничка борба за подобра држава и подобра иднина, каде нема да има неправди, криминал и корупција – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатот за градоначалник на Општина Ресен од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Тозиевски, вечерва пред сограѓаните изјави дека „до поуспешна и попросперитетна општина се стигнува само со труд, љубов и желби, но и со луѓе кои ги застапуваат вистинските вредности и ја сакаат Преспа“.

Тозиевски откри и дел од програмата и проектите коишто планира да ги спроведе како градоначалник, а дека ќе го нагласи она што е бренд за Преспа – преспанското јаболко, со чие производство се занимаваат голем број земјоделци од оваа општина.

– Јаболкопроизводителите треба да си го добијат заслуженото и дека тоа ќе се постигне само доколку локалната самоуправа биде нивни партнер преку привлекување на инвеститори и отворање на нови центри за откуп и преработка на јаболкото. Да се работи на привлекување на инвеститори, нови центри за откуп како и преработка на јаболкото. Да го направиме Ресен „Smart City“ преку воведување на повеќе дигитални услуги – рече Тозиевски.

Тој вечерва кажа и „ќе ја направиме нашата општина модерна и инфраструктурно поврзана преку решавање на проблемот со недостаток на паркинг места, асфалтирање на повеќе градски и селски улици, реконструкција на водоводната мрежа, решавање на недостатокот на вода за пиење“.

А потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, денеска во општина Бутел изјави дека нивниот кандидат за градоначалник, Дарко Костовски,  победува во општина Бутел и дека на таа општина и се потребни итни реформи.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изборната кампања „Создади нова иднина!“  утре ќе ја претстави на градските плоштади во Демир Капија, во  Неготино и во Кавадарци.

 

 

ВМРО-ДПМНЕ изборната кампања Јован Тозиевски Ресен Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.