Утрово полицијата врши претреси и апси криумчари на артефакти во Тетовско и Битолско, пренесува МИА, повикувајќи се на извори во истрагата.
Според МИА, досега се уапсени осум лица поради соменение за присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, а пронајдени се и повеќе предмети.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) само потврдуваат дека во тек е акција, а повеќе детали најавуваат во текот на денот.