Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска во беровско: Помош и нега во домот за стари лица достапна и во руралните средини

0
By Sashko on October 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 1, 2021 16:58

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на Меѓународниот ден на стари лица (1 октомври) ги посети Савета Алексова од село Двориште и Параскева Страторска од село Русиново, кориснички на услугата Помош и нега во домот на стари лица.

По неколку часови на ден, негувателките се грижат за своите кориснички при облекување, хранење, купување на лекови, околу хигиената во нивните домови, но најмногу од се, видов дека со нивниот ведар дух, пензионерските денови на Савета и Параскева им ги прават повесели. Овие директни позитивни искуства од услугата што ја добиваат се потврда на исправноста на политиките што ги спроведуваме како Влада и како Министерство, изјави Шахпаска.

Министерката потенцира дека на средбите со највозрасните граѓани го гледа нивното задоволството.

Со децентрализација на социјалните услуги направен е вистински чекор. Денес, возрасните лица помошта ја добиваат во нивните домови каде тие се чувствуваат најдобро, додаде таа.

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски изрази задоволство што Берово е една од првите општини каде веќе два месеци успешно се спроведува  услугата помош и нега во домот, дури и во руралните средини.

 Задоволни сме што имаме можност да им помогнеме на нашите највозрасни сограѓани, организирајќи ја оваа услуга на локално ниво. Преку тоа на најдиректен начин ја докажуваме грижата за нив, а преку нив и за целата заедница. Токму тие во изминатите децении придонесувале кон развојот на заедницата и заслужуваат достоинствен и удобен живот во третото доба, посочи Пекевски.

Услугата е дел од спроведувањето на сеопфатната социјална реформа во земјава, во рамки на Проектот подобрување на социјалните услуги, што го имплементира МТСП со финансиска поддршка од Светска банка.

Новата услуга во Берово иницијално е достапна на 60-тина лица. Тие добиваат помош при извршување на секојдневните активности. Во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика засега поддржани се вкупно 19 проекти во 24 општини, соопшти Министерството.

Најголем дел од овие проекти се наменети за помош и нега на стари лица во домот, а по еден од проектите е наменет за помош на стари лица во дневен центар, за рехабилитација на деца со попреченост и проект за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост во локалната средина. За давање на услугите обучени се 300 лица, а се очекува да бидат опфатени околу 900 корисници.

Јагода Шахпаска Македонија министерка МТСП нега помош Рурални средини Услуга
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 31, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

ВЕСТИ May 31, 2026

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде…

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.