Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев од Пробиштип: Ги носиме европските вредности дома, со поголема децентрализација, повеќе пари за општините

0
By НОВА ТВ on October 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 6, 2021 22:36

СДСМ и Коалицијата вечерва централниот карван „Најдоброто за мојата општина“ го одржа меѓу граѓаните на Свети Николе и Пробиштип, а вториот карван го одржа во Ресен.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев од Пробиштип порача дека во изминатите четири години и на централно и на локално ниво СДСМ покажа што значи вистинска грижа за сите, заштита на достоинството на работниците, вреднување на работничкиот труд… Заев истакна дека СДСМ сите овие години е посветена на трајно искоренување на сиромаштијата. Тој кажа и дека изминатите четири години државата се развиваше и трга по вистинскиот евроатлантски пат, а меѓу европските вредности е и поголема децентрализација и повеќе пари за општините.

– Преку системска реформа ги зголемуваме средствата од дотациите од ДДВ и Данок на личен доход кон општините за двојно повеќе до 2024 година од 3 на 6%, што ќе ја зајакне фискалната децентрализација, ќе обезбеди повеќе пари за општините, тоа ќе значи повеќе пари за мерки и проекти што дополнително ќе влијаат врз локалниот развој, рече Заев од Пробиштип.

Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип Драган Анастасов вечерва од своите сограѓани побара доверба за уште еден мандат, осврнувајќи се на сработеното во изминатите четири и плановите за наредните четири години. Тој соопшти дека општината врати 120 милиони денари наследен долг, а истовремено инвестираше во проекти повеќе од 800 милиони денари од донации за 4 години. Тој најави субвенционирана реконструкција на колективните згради за домување во општината со нови енергетски ефикасни фасади и кровови по принципот 70% општината и 30% станарите, изградба на низа патишта, реконструкција на локалитетот „Пешка“ во Злетово, детска градинка во населба Пробиштип, реконструкција на Дом на култура и Кино сала во Злетово, реконструкција на Градскиот плоштад во Пробиштип и изградба на излетничко место кај браната во Пишица.

– Сега кога Општината Пробиштип е на здрав и стабилен темел, сега со чист образ и огромна почит кон Вас, стојам гордо и барам поддршка за чист мандат, обезбеден во првиот круг, со силно мнозинство на советничката листа, барам поддршка за број 12 за реален развој и раст на општината, со готови проекти и обезбедено финансирање, а не приказни за дневно политички поени, Анастасов.

Кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Општина Свети Николе Сашо Велковски денеска пред своите сограѓани го презентираше сработеното во изминатите четири години и плановите на „Најдоброто“ за наредните четири години.

– Воопшто не беше лесно, ниту рековме дека ќе биде лесно по 12 години буквално пустошење и расипништво од претходните криминогени локални власти на ВМРО ДПМНЕ, кои замислете, се договориле за едно сијалично место граѓаните да платат по 900 евра, иако на слободниот пазар чини само 50 евра, истакна Велковски.

Вечерва во Ресен како дел од караванот на „Најдоброто за мојата општина се обрати и носителката на листа во изборната единица 5 и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

– Преспа е најевропскиот регион во нашата држава. Регион кој Живе тоа со право го кажува, ги очекува најголемите европски фондови токму овде, ама ги заслужи. Ги заслужи заради тоа фондовите се пари, шанса за инфраструктура, шанса за решавање проблеми, ама овие фондови овде се заслужени бидејќи вие секој ден ги живеете европските вредности. Иако постои некое место каде не треба да се зборува за ЕУ, тоа е овде во Ресен, заради што тие вредности се чувствуваат, рече Шекеринска.

Пред ресенчани се обрати и кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата – Живко Гошаревски. Тој кажа дека во изминатите четири години локалната власт работеше посветено, ангажирано и транспарентно. Гошаревски рече дека Ресен го замислува како развиен и перспективен град, полн со живот, чист и раздвижен, економски развиен, урбанистички современ, инфраструктурно обновен. А, тој најави:

– Ќе изградиме катна гаража, со што ќе го решиме проблемот со недостаток на паркинг места; Ќе го реконструираме градскиот плоштад, пешачката зона на улицата „Гоце Делчев“; Ќе се реконструира ОУ „ Славејко Арсов“ со тежина на мерки за енергетска ефикасност; Ќе ги обновиме заштитните ѕидови на Градскиот стадион; По селските средини ќе  работиме на изградба на фекална канализација, реконструкција на улици, тампонирање и изведување на пристапни патишта до земјоделските површини, чистење на речните корита, вети Гошаревски.

Заменик – претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска од Валандово порача дека градот во изминатите четири години се развива брзо. Таа пред граѓаните го поддржа кандидатот за градоначалник Перо Костадинов и советничката листа предводена од Владимир Марков.

– Кој не дошол, не знае, затоа ќе им порачам, дојдете видете и научете како се води општина, како се сакаат општината и своите сограѓани, со секојдневни контакти и со многу работа. Да се биде Најдобар е секојдневно докажување на сите полиња, со знаење, со работа, со храброст да се преземе одговорност, кажа Лукаревска.

Потпретседателот на СДСМ, Љупчо Николовски од Лозово го поддржа кандидатот за градоначалник, Ацо Велковски.

– Гласот за нашата советничка листа е глас за развојни проекти, за патна инфраструктура, за комунална инфраструктура, за нови градинки, училишта, паркови. Ние парите ги инвестираме во граѓаните, во човечкиот фактор и во приоритетите за граѓаните, рече Николовски.

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски од Куманово рече дека за четири години минималната плата е покачена од 9.000 на 15.000 денари, а од први јануари таа ќе се покачи на 300 евра.


– За нас и за граѓаните е важно платите реално да растат, а не виртуелно. Сите да добијат покачување и повеќе пари на своите сметки, а не покачувањата да бидат само на реклами, вели Спасовски.

избори кампања СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.