НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партиски препукувања во изборната кампања: Членството во ЕУ, пожарот во Тетово, инвестиции, стандард, корекции на платите

0
By Sashko on October 7, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На политичките партии и на кандидатите за градоначалници и за советници им преостануваат уште девет дена за промоција на своите програми пред граѓаните. Кампањата за претстојните локални избори завршува на 15 октомври на полноќ. Европската унија (ЕУ), пожарот во модуларната болница во Тетово, како и нови инвестициски проекти, покачување на минималната и просечна плата, доминираа во вчерашните излагања на претставниците на политичките партии. Партиите со различни ставови и пораки околу прашањето поврзано со нашата евроинтеграција.

За претседателот на СДСМ, Зоран Заев, изминатите четири години истовремено државата се развиваше дома и тргна по вистинскиот евроатлантски пат.

Бев на самитот во Брдо кај Крањ, најважните претставници на Европската Унија, Меркел, Мишел, Борел, Фон дер Лајен, Санчез, сите европски лидери, дадоа поддршка и го поздравија успехот што Северна Македонија го постигна во последните четири години во речиси секоја сфера, истакна вчера Заев во обраќањето во рамките на изборниот караван на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ во Пробиштип.

Според него, нашата иднина е во ЕУ и за тоа нема алтернатива. Тој додаде дека и покрај потешкотиите што Унијата ги има овој период околу проширувањето, нема да се откажат од европската агенда, како и од тоа европските стандарди и вредности да ги носат дома.

Успеавме да влеземе во НАТО, ќе успееме и во ЕУ. Тоа го заслужуваме, рече Заев, истовремено обвинувајќи го ВМРО-ДПМНЕ дека го кочи напредокот на земјата, но оти во тоа нема да успеат.

Претседателот на СДСМ најави и оти од 1 јануари во 2022 година, просечната плата ќе биде 500 евра, а минималната плата 300 евра.

Околу интеграцијата на Западен Балкан и нашата држава во ЕУ вчера се произнесе и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој изрази загриженост за пораките кои стигнаа од Европската унија.

Иднината на Западниот Балкан е сè понеизвесна и дури и во 2030-та година не можеме да очекуваме целосна интеграција на Западен Балкан и нашата Македонија во ЕУ, рече Мицкоски вчера од Ѓорче Петров.

Тоj смета дека нема ЕУ со СДСМ, бидејќи, како што кажа, тие се длабоко навлезени во криминал и корупција.

Не само што со СДСМ нема датум, туку и Македонија ја втурнаа во нова криза во европските интеграции што поради нивниот криминал и заразната корупција ЕУ стана далечна цел, рече Мицкоски.

Во својот говор претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на Извештајот за пожарот во модуларната болница во Тетово. Тој обвини дека лага е оти кабелот и струјата се виновни за изгорените 14 луѓе и нагласи дека ќе има одговрност за трагедијата.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) вчера на централниот митинг во Општина Боговиње ја претставија програмата која се нуди пред гласачите. На митингот присуствуваше и дел од партиското раководство предводени од претседалот на ДУИ Али Ахмети.

Вашата агенда ќе биде полна со задачи, ние сме подготвени сите барања да ги исполниме, ова место да го подобриме. Како аспиранти за ЕУ, не може да бидеме членки без патишта, план за градење, без канализација, без снабдување со вода, стандарди за чистота на воздух. Имамe многу работа, но имаме и кадар за да напредуваме сите ние како граѓани, порача партискиот лидер Али Ахмети.

Коалицијата „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП вчеравечер во Штип го промовираше својот кандидат за градоначалник Ванчо Санев и советничката листа, чиј носител е Мартин Каровски.

Претседателката на ДОМ, Маја Морачинин истакна дека движењето „Одлучно за промени“ е со цел да се озбебеди здрав и квалитетен живот на граѓаните во сите општини. Таа нагласи дека на нивните советнички листи и кандидати за градоначалници не се вклучени само партиски членови, туку и граѓанските активисти, непартиски граѓани и експерти од различни области.

Пред присутните се обратни и заменик претседателот на ЛДП, Зоран Шапуриќ, кој акцентираше дека квалитетот на животот на човекот, зависи од квалитетот на животната средина, затоа двете партии ЛДП и ДОМ се здружиле на овие локални избори.

Ние сме убедени дека оваа коалиција, која е отворена за сите граѓани, за сите поединци, за сите здруженија на граѓани ќе даде нов квалитет на политичката сцена, рече Шапуриќ.

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев кој вчера заедно со пратеникот Борислав Крмов присуствуваше на отворање на канцеларија на партијата во Делчево, потенцира дека на локалните избори ќе имаат 40 листи и осум кандидати за градоначалници, а рејтингот од последните Парламентарни избори, како што рече, е двојно зголемен. Според него, тоа им дава право да очекуваат од 50 до 60 советници на претстојните Локални избори.

За Апасиев кампањата од самиот старт е нефер, бидејќи, како што рече, во делот на Платено политичко рекламирање, 90 проценти од „колачот“ земаат четири партии, а за помалите партии остануваат „трошки“ од седум проценти.

кампања локални избори Македонија партии Теми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.