НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонската Влада прва во регионот, а Собранието на трето место според Индексот на отвореност

0
By НОВА ТВ Balaban on October 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според истражувањето, најотворена е Владата на Северна Македонија, која исполнува 83,43 проценти од поставените критериуми за отвореност, по која следи Советот на министри на БиХ со 74,9 проценти. На трето место е Владата на Црна Гора со 59,46 проценти, потоа Советот на ФБиХ со 58,42 проценти.

Владата на Северна Македонија е прворангирана во регионот според Индексот на отвореност на собранијата и централните власти и исполнува 83,43 проценти од поставените критериуми за отвореност, а Собранието, од парламентите, е на трето место со исполнетост од 68,15 проценти од поставените критериуми.

Истражувањето со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско учество и Националната фондација за демократија, го спроведе Фондацијата Метаморфозис во соработка со партнерите од регионалната мрежа на Граѓанската организација Отчетност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа (ACTION SEE). Проценката се однесува на состојбата на добро владеење на собранијата и извршните гранки на централните власти на четири држави од Западен Балкан – Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Оваа година, во мониторирањето на парламентите, беа вклучени и Хрватска и Словенија и можеше да се согледа отвореноста на парламентите во екс-југословенските држави.

Како што соопшти Фондацијата Метаморфозис, проценката е резултат на сеопфатно емпириско истражување засновано врз Индексот на отвореност, чија цел е да се утврди степенот до кој се почитуваат принципите на доброто владеење во регионот. Регионалната перспектива служи како референца за тоа како напредуваат државите во регионот кон подобрување на доброто владеење и владеењето на правото што ги води кон нивната стратегиска цел – членство во ЕУ.

-Според истражувањето, најотворена е Владата на Северна Македонија, која исполнува 83,43 проценти од поставените критериуми за отвореност, по која следи Советот на министри на БиХ со 74,9 проценти. На трето место е Владата на Црна Гора со 59,46 проценти, потоа Советот на ФБиХ со 58,42 проценти. Владата на Република Србија исполнува 47,67 проценти од критериумите, а Владата на автономната покраина Војводина 50,18 проценти. На последно место е Владата на Република Српска со 38,53 проценти исполнување на критериумите за отвореност. Како прва земја во регионот што објави и имплементира Стратегија за транспарентност, Северна Македонија даде пример како институцијата треба систематски да пристапува и да ги насочува своите напори кон проактивна транспарентност и отвореност кон своите граѓани. Најдобри резултати постигнуваат министерствата во Северна Македонија со 62 проценти, потоа министерствата на Црна Гора со 57,9 проценти, министерствата во Србија со 48,7 проценти и министерствата во Босна и Херцеговина кои исполнуваат 30,6 проценти од критериумите за отвореност, стои во проценката.

Собранието на Република Северна Македонија, се наведува, исполнува 68,15 проценти од индикаторите за отвореност и е рангиранo на трето место во регионот (на прво место останува Собранието на Црна Гора со 77,89 проценти, по кое следи Собранието на Словенија со 72,31 процент исполнетост на индикаторите за отвореност). Како тело кое е директно избрано од граѓаните и одговара пред граѓаните, Собранието, се посочува, треба да вложи поголеми напори за обезбедување целосна транспарентност, односно отвореност.

Трудот е збогатен со практични препораки за тоа како извршната власт и Собранието во Северна Македонија можат да го подобрат нивното почитување на принципите на добро владеење во иднина. Препораките ќе бидат соопштени до високите државни службеници во сите набљудувани институции преку состаноци, како и до пошироката јавност преку социјалните медиуми и одржување јавни настани. Истражувањето се повторува на годишно ниво и овозможува да се спореди степенот до кој ќе се постапува според овие препораки.

Оваа проценка е достапна на македонски, албански и англиски јазик на веб-страницата на Метаморфозис. Истражување се спроведува како дел од активностите на Метаморфозис во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Влада Индексот на отвореност прва Проектот на УСАИД регионот Собранието
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.