Тројца мигранти биле прегазени од воз додека лежеле на пруга во југозападна Франција, изјави денеска портпаролката на локалната полиција. Таа додаде дека несреќата се случила околу 5 часот утрово на пругата кај Сен Жан де Луз, кога на нив налетал воз што сообраќал кон Бордо.
Тројца од нив веднаш им подлегнале на повредите, додека четвртиот е тешко повреден, рече таа.
Не е јасно зошто мигрантите лежеле на шините, додаде таа.
Двајца од мигрантите биле од Алжир, а не е познато од каде потекнуваат другите двајца.