Севернокорејските државни медиуми објавија снимка на која се прикажуваат тамошни војници како кршат бетонски блокови со глава, виткаат челични шипки, итн.
Снимката е направена на презентација на дефанзивните способности на војската што се одржа во Пјонгјанг, а меѓу гледачите беше и лидерот Ким Јонг-ун, пренесува „Би-Би-Си“.
На видео материјалот се гледа како севернокорејски војници уништуваат цигли и плочки со глава и раце, како лежат на парчиња стакло и ексери додека други војници разбиваат бетонски плочи со делови од телото.
Големото финале на презентацијата прикажува два војника кои со врат превиткуваат железни шипки и со силата на мускулите кршат ланци што се замотани околу нивните тела, пренесува индекс.хр.
Севернокорејските медиуми нагласуваат дека „егзибицијата е прилика да се покаже на непријателите дека војниците имаат челични раце со кои го штитат мирот“.