НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хисени: Борел не може да се однесува како командант на косовската полиција

0
By Sashko on October 14, 2021 РЕГИОН
Фото: n1info.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот главен косовски преговарач во дијалогот со Србија, Скендер Хисени ги нарече бесмислени изјавите на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Жосеп Борел во врска со вчерашната акција на косовската полиција во неколку региони во земјата со цел сузбивање на шверцот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Хисени, кој е, исто така, и поранешен министер за внатрешни работи на Косово, со изјавите на Борел, кој ја осуди акцијата во северниот дел на земјата, населен со мнозинско српско население, се доведува во прашање неговиот кредибилитет како главен посредник во реговорите меѓу Приштина и Белград.

Тој смета дека прашањето за авторитетот на Борел како главен европски дипломат треба да го постават челниците на САД, Франција, Германија, Велика Британија и на ЕУ.

Главното прашање кое треба да се постави тука е дали Борел има кредибилитет за да биде неутрален посредник во косовско-српскиот дијалог. По вчерашната изјава оваа дилема станува уште поголема. Меѓутоа, оваа дилема, пред сè, треба да се постави од претседтелот Џо Бајден, претседателот Емануел Макрон, канцеларката Ангела Меркел, премиерот Борис Џонсон и високите претставници на ЕУ, затоа што Косово ја нема моќта да влијае, а уште помалку да одлучува по ова прашање, напиша Хисени на својата страница на Фејсбук.

Тој порача дека „Борел не може да се однесува како да е командант на полицијата или обвинител во Косово“.

Со вчерашната изјава, застанувајќи на страната на криминалот, Борел згазна и врз едната од темелните вредности на ЕУ – за ред и закон. Тој треба да знае дека органите на редот и законот во Косово се суверени и не треба да бараат одобрение од никого за да се борат против криминалот на својата територија. Уште помалку одобрение од Србија, која фактички е главен спонзор на криминалот во еден дел од нашата земја, напиша Хисени.

Косовската полиција, по налог на обвинителството, вчера спроведе обемна акција против шверц со разни стоки во повеќе општини низ земјата, при што се уапсени десетина лица и распишана e потерница по неколку други. Во општините Грачаница и Северна Митровица, со мнозинско српско население,  групи граѓани од српска националност се спротивставија на акцијата, при што дојде до судири со полицијата, во кои имаше неколку повредени цивили и десетина полицајци, како и оштетени возила.

акција Жосеп Борел Косово полиција реакција регион Скендер Хисени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.